Фармацевти
Контакт

<< Назад

ФЕБРИЛЕН СИНДРОМ

февруари 1, 2024



Пишува: Д-р Сања Христова - ПЗУ „Педијатрика Бамби“ Струмица

Покачената телесна температура е таа која најмногу ги плаши родителите, особено кога станува збор за деца на помала возраст.

Телесна температура се регулира од центарот за терморегулација кој се наоѓа во мозокот и негова основна задача е да ја одржи на висина од 36,1 до 37 Ц .

Центарот за регулирање на температурата кај новороденчињата, доенчињата и малите деца е недоволно развиен. Следствено, пораст на телесната температура може да се очекува кај дете облечено во премногу облека или кај дете разиграно во премногу топла просторија.

Покачената телесна температура е показател дека имунолошкиот систем на детето
реагира при контакт со инфективен агенс (бактерија, вирус), или ни дава знак дека
кај детето постои одреден воспалителен процес во чија основа и не мора да
биде патолошки процес во прашање, туку физиолишки процес соодветен на возраста а пропратен со фебрицирање (на пример дентиција во тек). Темелна анамнеза може да ни даде и многу одговори во потрагата на причината за фебрицирање.

Анамнестички податок за имунизирање на детето во последните 10-14 денови исто така е корисен податок кај фебрилно дете кај кое клиничкиот преглед или лабараториските анализи негираат присуство на инфективно жариште.

Како и каде понатаму кога детето е со покачена телесна температура?

Најважниот совет кој секој родител треба да го добие (освен редовно контролирање на температурата) е да се внимава на хидратацијата кај детето, да носи лесна облека, да не биде физички активно и секако регулирање на телесната температура со лекови познати како антипиретици.

Горенаведените се основни чекори кои секој родител треба и може да ги реализира се до посета на лекар, т.е до поставувањето на точната дијагноза кај детето.

Хидратацијата подразбира родовно консумирање на течности кај фебрилно дете. Тоа е од особено значење затоа што кај детето со зголе- мена телесна температура зголемен е и губитокот на течности на повеќе начини (потење, забрзано дишење).
Доколку кај детето освен зголемена температура постои и повраќање или проливасти столици, тогаш уште поголем и пореален е ризикот од дехидрирање, омалаксаност и влошување на клиничката слика кај детето.

Од голема помош е консумирање на орални рехидрациони раствори (орс) во деновите со зголемена телесна температура кај детето.

Носење лесна облека кај фебрилно дете е важно затоа што спречува претоплување на детето, а и овозможува полесно оддавање на топлина преку кожата.

Физичката активност допринесува за зголемување на телесна температура. Затоа, важно е детето да мирува.
Според европските водичи покачената температура не треба да се намалува сè додека не ги надмине вредностите од 38,5 Ц.
Секако, тое не е правило на кое мораме да се придржуваме, затоа што употребата на антипиретик зависи не само од вредноста на телесната температура туку и клиничката слика на детето, изгледот на детето, употребата на хронична терапија, времето и местото каде се наоѓа детето.

Во делот на употребата на лековите кои ја намалуваат телесната температура кај детето (познати како антипиретици), коректно е лекарот да донесе одлука кој лек да биде администриран.

Најчесто користени антипиретици кај децата се парацетамол и/или ибупрофен. Тие може да се администрираат во различни форми: супозитории (кај најмалите), сирупче или таблетарна форма.

Во однос на дозирањето, парацетамолот вообичаено може се администрира на секои шест саати, доколку по изминувањето на ефектот на лекот повторно доаѓа до покачување на телесната температура. Количината т.е концентрацијата на лекот ја определува лекарот кој го извршил прегледот.

Најкоректно е дозирањето пресметано според килограм телесна тежина, а не според возраста на детото, поради можноста за голема разлика во телесна тежина кај деца кои се на иста возраст.
За разлика од парацетамолот, кај лекот ибупрофен правилно е да се изврши дозирање на секои осум саати.

Исто така, за количината т.е концентрацијата на лекот одлучува лекарот. Најкоректно е дозирањето на антипиретикот да биде пресметано според килограм телесна тежина за секое дете одделно.

Честопати родителите се соочуваат и со друг проблем кај фебрилните деца. Заради намален апетитот, пореметено располжение, пореметен сон и игра, голем дел од нив не соработуваат за администрирање на лекот. Многу важен момент е сирупчето да има еден од нивните омилени вкусови.

Тоа е важен момент и за нас како лекари, кога сме сигурни дека со задоволство детето ќе си го испие сирупчето, па полека се стремиме кон закрепнување.

Покачената телесна температура кај децата претставува една од најчестите причини за посета на лекар, особено во зимскиот период од годината, во кој се наоѓаме сега. Обврска на секој родител е правилно регулирање на покачената телесна температура кај неговото дете, секако по извршен лекарски преглед и/или совет од матичен лекар.

За детално читање на овој текст, погледнете на 16-17 стр. во електронското издание на BETTY магазин (Февруари 2024).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>