д-р Наташа Теовска Митревска
|
Вирусите се најмалите микроорганизми кои за своето размножување ја користат клетката на домаќинот и со тоа предизвикуваат пореметување на метаболизмот на домаќинот. Во групата на херпес вируси спагаат:
Herpes simplex вируси 1 и 2,
Varicella zoster вирус,
Epstein–Barr вирусот (предизвикува фебрилна болест со благи симптоми кај деца и мононуклеоза кај млади луѓе),
Cytomegalovirus хумани херпес-вируси типови 6-8 (HHV-6-8). HHV-6 предизвикува
exanthema subitum кај деца.
Инфекциите предизвикани од вируси од фамилијата
Herpesviridae се најчестите вирусни инфекции кај човекот. По примарната инфекција, тие поминуваат во скриена латентна инфекција, која подоцна може да биде активирана. Истражувањата покажаа дека дури две третини од светската популација под 50 години е заразена со овој вирус.
Пренесувањето на херпес симплекс вирусите е преку директен контакт од болен човек. Вирусот навлегува преку ситни ранички на кожата и слузокожата во вид на капки или при директен контакт бакнеж, а додека херпес симплекс тип 2 се пренесува со сексуален контакт.
Првата инфекција е кај лица кои прв пат се инфициираат и тоа се најчесто деца во рана возраст. Кај децата од 1 до 3-годишна возраст примарната инфекција е често симптоматски стоматит, со многубројни везикули во устата и фарингсот придружени со симптоми на треска, болка, повраќање и зголемени лимфни жлезди. При повторна инфекција со HSV1 се јавува најчесто на усните. Факторите кои доведуваат до повторна инфекција се: УВ-зраци, хормонски варијации или психолошки стрес и имунодефициенција, ласерски и естетски постапки, стоматолошки интервенции.
Првичните симптоми се слични на оние на воспаление на горните дишни патишта, придружени со покачена температура, меѓутоа постојат случаи кога инфекцијата со овој вирус поминува незабележително. Пред да се појават везикули (меурчиња), на тие места се чувствува чешање и жарење, после кое се појавуват меурчиња исполнети со бело-жолта течност. По некое време тие пукаат и прават красти без да остават лузна. Кога инфекцијата ќе стивне, вирусот се сместува во нервните ганглии и останува во скриена форма доживотно, заштитен од имунолошкиот систем, со можност за повторно реактивирање.
Примарен генитален херпес
Може да биде предизвикан од HSV1 и од HSV2, а понекогаш и како повторна инфекција од HSV тип 2 и се манифестира како кожна инфекција во пелвичниот и сакралниот регион со појава на болка, жарење, печење и појава на групирани меурчиња исполнети со течнст кои потоа пукаат и прават мали красти. На местото каде се појавуваат може да има и зголемување на регионалните лимфни жлезди.
Неонаталната инфекција со HSV се пренесува на детето во породилниот канал и предизвикува сериозна инфекција. Инкубацискиот период е 2-26 дена.
Дијагностицирање инфекции со херпес симплекс
Обично се базира на клиничката слика. Брз метод е детекција на вирус со тест на флуоресцентни антитела (ФА). Вирусната култура може да успее ако примерокот е земен во текот на 3 дена по појавувањето на везикулите. Серологијата е корисна само кај примарните инфекции.
Превенција
Превенцијата е насочена кон употреба на личен прибор за јадење, како и високо ниво на хигиена и зајакнување на имунолошкиот систем.
Лекувањето е секогаш под надзор на лекар, кој препишува терапија.
Кај орален херпес помагаат разни лосиони, пасти и микстури, кои ги олеснуваат симптомите, односно пецкањето и јадежот, а во консултација со лекар или фармацевт се применуваат и антивиротици кои спречуваат понатамошен развој на вирусот. Антивирусни лекови може да се во форма на таблети или креми и се земаат исклучително под контрола на лекар.
Новитет на пазарот е кремот за усни
Cannabo Herp од Реплек Фарм, кој е уникатен по својот состав, содржи висока концентрација на канабидиол или ЦБД, кој дејствува противвоспалително и ги смирува симптомите како црвенило, болка, чешање и пецкање. Покрај ова содржи природни растителни екстракти од невен и кантарион, кои го забрзуваат заздравувањето на кожата, и цинк оксид, кој помага во сушење на меурчињата предизвикани од херпес вирусот.
Канабо Херп кремот е природен производ кој може да се купи во аптеките без рецепт. Безбеден е за долготрајна употреба, може да се користи како третман и превентивно. Многу важно за сите препарати за оваа намена е да се аплицираат што е можно побрзо при појава на првите знаци на херпесните промени за да се постигне најдобар ефект.
За детално читање на овој текст, погледнете на 14-15 стр. во електронското издание на BETTY магазин (МАЈ 2021).