Фармацевти
Контакт

<< Назад

Хронична коронарна болест на срцето

септември 1, 2021

д-р Бетим Даути
Општа болница, Гостивар

|

септември 2021

Коронарната артериска болест (КАБ) е резултат од акумулација на атероматозни плаки  кои се наоѓаат во ѕидовите на коронарните артерии кои го хранат миокардот (срцевиот мускул) со кислород и нутритиенти. Растењето на овие плаки во луменот на артериите предизвикува стеснување со што се намалува нивниот  пречник. КАБ може да се дели на акутна и хронична коронарна артериска болест.  Во хронична коронарна артериска болест (хронична КАБ) припаѓаат следните групи:  пациенти со прележан миокарден инфаркт,  пациенти по миокардна реваскуларизација (перкутана коронарна интервенција  или аорто-коронарен бајпас) и пациенти со ангиографски докажана КАБ.

ЕТИОЛОГИЈА И ПАТОФИЗИОЛОГИЈА

Во основа механизмот за појава на КАБ е дисбалансот меѓу потребите и дотурот на кислород во срцевите клетки. Редукција на луменот на коронарните артерии има за последица намалување на миокардната перфузија во состојба на зголемена побарувачка/потрошувачка на кислород или во базални услови.

КЛИНИЧКА СЛИКА

Градна болка (Angina Pectoris stabilis) која се карактеризира со следниве елементи:

ДИЈАГНОЗА

Електрокардиограм во мирување:
• Вообичаено во мирување е нормален (кај 30-50 % од пациентите)

Анализа на крвта: Треба да се прави кај сите пациенти: липиден статус: вкупен холестерол, ХДЛ-холестерол, ЛДЛ-холестерол, триглицериди; гликемија; полна крвна слика; уреа и креатинин.  Коронарен стрес тест (КСТ)  се изведува со цел потврда на дијагнозата и/или проценка на тежината на болеста. Ехокардиографија – се проценува  глобалната левокоморна функција, сегментните абнормалности на ѕидното движење, исхемична митрална регургитација, ЛК аневризма или интракавитарни тромби. Коронарна ангиографија има за цел проценка на анатомијата на коронарните артерии, а во услови на значајна стеноза во исто време може да се спроведе и терапевтска процедура: балон ангиопластика и по потреба имплантација на ендоваскуларна протеза (стент).

ТЕРАПИЈА: Цели на терапевтскиот третман е да се подобрува прогнозата преку превенирање на миокарден инфаркт или смрт и намалување на морбидитетот (намалување или целосно отсуство на симптомите на градна болка). Третманот на пациентот со хронична коронарна болест опфаќа неколку сегменти што меѓу себе се надоврзуваат:

1) Третман на модифицирачки ризик-фактори: прекин на пушење, постигнување  целни вредности на крвниот притисок, контрола на нивото на шеќер, маснотиите во крвта, намалување на телесната тежина, спроведување  регуларна физичка активност;

2) Медикаментозен третман:  препораки за примена на медикаменти за подобрување на прогнозата кај пациенти со хронична коронарна болест:

3) Реваскуларизационен третман: во лекувањето на пациентите со хронична коронарна болест засега во рутинска употреба се две реваскуларизациони процедури: коронарна бајпас хирургија (CABG) и перкутани коронарни интервенции (ПКИ).

За детално читање на овој текст, погледнете на 4 стр. во електронското издание на BETTY магазин (СЕПТЕМВРИ 2021).

 

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>