Др. Весна Пецов Караевска MD,
Nestle Infant Nutrition, Македонија
ХMO – олигосахариди од мајчиното млеко
Што е ХМО и од што се состои?
ХМО се олигосахариди со најчесто сложена структура. Идентификувани се околу 200 различни ХМО структури. Истите се составени од петте основни градбени блокови прости шекери, glukoza, galaktoza, N-acetilglukozamin, sijalna kiselina N-acetilneuraminska kiselina и fukoza а се формираат во млечните жлезди. Шекерите меѓусебно се поврзани на различни начини при формирање разгранети и неразгранети олигосахариди. Наједноставен фуколизиран ХМО е 2-фукозилактозата. Од сите ХМО, 2-фукозилактозата е најчеста во мајчиното млеко и е застапена со околу 30% во вкупното количество на произведени ХМО.
ХMO суплементација
Истражувањата покажаа дека ХМО 2-фукозилактоза(2FL), е многу повеќе од пребиотик и го подобрува имунолошкиот, цревниот и когнитивниот развој.До скоро присутни само во мајчиното млеко сега, најчестите ХMO-2-FL, се синтетизираат во структурен облик идентичен на 2-FL-от кој се наоѓа во мајчиното млеко.
- Заеднички наод на голем број студии е дека додадениот 2-FL во млечните формули е безбеден, се толерира, абсорбира и излачува слично како и од мајчиното млеко.
- Формулите обогатени со 2-FL го поддржуваат имунолошкиот систем и цревата.
- При употреба на 2-FL формули-појава на помалку респираторни инфекции и подобрени симтоми при интолеранција на храна.
- По состав и функција 2-FL формулите-најблиску до мајчиното млеко.
ДОЕЊЕТО Е НАЈДОБАР ИЗБОР ЗА ДЕЦАТА
За детално читање на овој текст, погледнете на 16 стр. во електронското издание на BETTY магазин (Септември 2022).