Фармацевти
Контакт

<< Назад

Цервикална спондилоза

април 1, 2022

Илија Жежов
дипломиран физиотерапевт
Центар за масажа и физиотерапија
ФИЗИОТЕРАПЕВТ-ЗДРАВЈЕ

|



Спондилозата на вратниот ʼрбет е заболување што ги зафаќа најчесто вратните пршлени. Симптомите се проследени најчесто со ограничување во вртењето на вратот, болки, трнење на горните екстремитети, а може да се јави зуење во ушите и чести вртоглавици. Како причини за ова  заболување најчесто се дегенеративните процеси и слабата физичка активност. Поради ваквите симптоми лицата со ова заболување најчесто бараат и соодветно решение со што би се решил здравствениот проблем.

Започнувањето  на постапката за решавање на проблемите со спондилозата  вклучуваат најчесто РТГ снимка, со што би се констатирала проблематиката појасно во процесот на лекувањето и клучното  решение. Врз базираната РТГ снимка физиотерапевтот носи мислење со какви сè методи од физиотерапијата ќе се започне лекувањето на процесот.

Што може да предизвика цервикална спондилоза?

Постојат повеќе причинители и ризик-фактори за појава на цервикална спондилоза, меѓу кои најзначајни се: некаков вид на претходна повреда на вратот, појава како дел од процесот на стареење, односно возраст, неправилно држење на вратот во подолг период од денот (најчесто како дел од работата/професијата) или, пак, генетски фактори.

Како да се препознае?

Ова се дел од симптомите што укажуваат на присуство на цервикална спондилоза: чувство на вкочанетост во вратот или, пак, почеста појава на болка, честа главоболка, болки при поместување на вратот/главата, болки во зглобови, потешкотии при насочување на главата во други позиции (нагоре-надолу/лево-десно) или, пак, непријатно чувство на згрченост во мускулите.

Лекувањето е индивидуална работа во зависност од процесот на заболувањето. Најчесто програмата за лекување на спондилозата вклучува методи од  физиотерапија: мануелна длабинска медицинска масажа, вратна екстензија и вежби работна терапија во домашни услови дадени од физиотерапевт. Лекувањето на вратната спондилоза во зависност од заболувањето се одвива во одредени фази и тоа 12, 21 ден,  а кај некој пациенти времетраењето на терапијата може да трае  и до 30 дена.

Важно за пациентите во текот на лекувањето е да се задржи дисциплинираноста за да се стигне до крајната цел. По завршувањето на лекувањето на два-три месеци е потребна консултација и преглед од физиотерапевт, како и редовно да се одржува и задржува начинот на физичка активност со вежбање.

Бонус Betty совет: Одвикнете се од седење подгрбавено! Правилната седечка позиција ќе го зачува здравјето на вашиот ʼрбет и врат. За да седите правилно, потребно е да седнете што е можно поназад на столот. Задникот нека ви биде на крајот од седиштето, со што автоматски ќе бидете потпрени на задниот дел од столот. Бидете потпрени така што ʼрбетот ќе биде во својата природна положба и внимавајте рамењата да ви бидат опуштени.

За детално читање на овој текст, погледнете на 31 стр. во електронското издание на BETTY магазин (АПРИЛ 2022).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>