Фармацевти
Контакт

<< Назад

Цинк – важен минерал за здравјето

март 1, 2022

Ивана Димишкова
д-р по дентална медицина

|



Цинкот е важен минерал чие присуство во нашето тело е неопходно за нормално функционирање на повеќе од 300 ензими. Исто така, игра важна улога во синтезата на ДНК, клеточната делба и клеточниот метаболизам. Неопходен е за синтеза на протеини и на тој начин го поттикнува правилниот раст и развој. Овој минерал е добар антиоксидант и имунолошки стимулатор, и, секако, игра важна улога во нормалната функција на тироидната жлезда.

Организмот се справува полесно со настинките и грипот кога има доволно цинк во него, затоа што помага за зајакнување на имунолошкиот систем. Освен тоа, цинкот ги стимулира процесите на регенерација на коските, и го спречува развојот на бактериите на кожата и мукозните мембрани, има способност да ја суши и затегнува кожата, а со тоа придонесува за намалување на чешање и болка.

Неправилната исхрана (храна која не содржи доволно цинк) е главна причина за недостиг на цинкот во телото, бидејќи овој минерал се внесува преку исхрана. Брзата храна и индустриските производи не обезбедуваат ни приближно доволно минерали и витамини, а нездравите навики,  како што се пушењето и прекумерното консумирање кафе и алкохол, само придонесуваат за исцрпување на цинкот од телото.

Недостигот на цинк  може да доведе до различни промени на кожата (акни, егзема, псоријаза, груба и сува коса, губење на коса), нарушување на растот, губење на апетит и тежина, забавен раст на коските, одложен менструален циклус. Намалениот имунитет поради недостиг на овој минерал може да предизвика чести настинки.

Храна богата со цинк. Телото апсорбира големи количини на цинк од храната, а најдобро од црвеното месо, рибата, бидејќи протеините се потребни за негова подобра апсорпција. Го има и во мешунките (грашок, грав, соја), житни растенија, печурки, семки од сончоглед итн.

За детално читање на овој текст, погледнете на 32 стр. во електронското издание на BETTY магазин (МАРТ 2022).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>