Фармацевти
Контакт

<< Назад

Цревниот микробиом и ХMO

мај 31, 2022



Што е ХМО и од што се состои?
ХМО се олигосахариди најчесто со сложена структура. До сега се идентификувани околу 200 различни ХМО структури. Истите се составени од петте основни градбени блокови прости шекери, glukoza, galaktoza, N-acetilglukozamin, sijalna kiselina N-acetilneuraminska kiselina и fukoza а се формираат во млечните жлезди. Шекерите меѓусебно се поврзани на различни начини при формирање разгранети и неразгранети олигосахариди. Наједноставен фуколизиран ХМО е 2-фукозилактозата. Од сите ХМО, 2-фукозилактозата е најчеста во мајчиното млеко и е застапена со околу 30% во вкупното количество на произведени ХМО.

ХMO суплементација
Истражувањата покажаа дека ХМО 2-фукозилактоза(2FL), е многу повеќе од пребиотик и го подобрува имунолошкиот, цревниот и когнитивниот развој. До скоро присутни само во мајчиното млеко сега, најчестите ХMO-2-FL, се синтетизираат во структурен облик идентичен на 2-FL-от кој се наоѓа во мајчиното млеко.
• Заеднички наод на голем број студии е дека додадениот 2-FL во млечните формули е безбеден, се толерира, абсорбира и излачува слично како и од мајчиното млеко.
• Формулите обогатени со 2-FL го поддржуваат имунолошкиот систем и цревата.
• При употреба на 2-FL формули-појава на помалку респираторни инфекции и подобрени симтоми при интолеранција на храна.
• По состав и функција 2-FL формулите-најблиску до мајчиното млеко.

Др. Весна Пецов Караевска MD,
Nestle Infant Nutrition, Македонија

ДОЕЊЕТО Е НАЈДОБАР ИЗБОР ЗА ДЕЦАТА

 

За детално читање на овој текст, погледнете на 29 стр. во електронското издание на BETTY магазин (Јуни 2022).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>