Фармацевти
Контакт

<< Назад

Чекор повеќе – Дури и краткото пешачење е подобро од непешачењето

октомври 1, 2020

|



Пешачењето игра огромна улога за вашето здравје и влијае позитивно на повеќе делови во вашето тело.

Дури и краткото пешачење е подобро од непешачењето.

Експертите велат: „Дури 30 минути пешачење дневно е исклучително корисно за човечкото тело. Светската здравствена организација им препорачува на возрасните да пешачат најмалку 2,5 часа неделно“.

Еве само неколку придобивки од редовното пешачење:

Редовното пешачење го одложува стареењето и го продолжува животниот век. Истражувањата покажале дека луѓето кои пешачат по 20-25 километри неделно, живеат подолго од оние кои не пешачат.

Сепак, доколку пешачењето за вас претставува начин со кој  сакате да ја намалите вашата телесна тежина, треба да обрнете внимание на тоа што јадете и да ги контролирате калориите во овој процес.

Важен е начинот на пешачење

При одење, треба да обрнете внимание на држењето на телото. Треба да одите исправено, без навалување наназад или напред; само на овој начин ќе се осигурате дека секој дел од вашето тело е подеднакво активен. Позицијата на рацете, исто така, е важна, бидејќи тие ја зголемуваат вашата сила и да го балансираат движењето на стапалото при одење. Движењето на рацете, исто така, ви овозможува да согорите дополнителни 5-10 калории. Рацете никогаш не треба да бидат стегнати во форма на тупаница, што ќе овозможи редовен проток на крвта во телото.

За детално читање на овој текст, погледнете на 4 стр. во електронското издание на BETTY магазин (ОКТОМВРИ 2020).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>