Фармацевти
Контакт

<< Назад

Чувствата имаат важна улога во справувањето со телесната тежина

октомври 1, 2023

Постојат многу причини поради кои качуваме и намалуваме килограми. Понекогаш овие причини зависат од тоа како се чувствуваме. Јадењето за да се чувствуваме подобро најчесто се нарекува емоционално јадење, и тоа е причината зошто понекогаш ни треба психолошка поддршка повеќе отколку совети за исхрана.

Нашето тело и мозокот се длабоко поврзани. Помислете си само како ви реагира телото во моментот кога сте нервозни. Ви се потат дланките и чувствувате жед. Она што се случува во нашата глава, исто така, може да
нè изложи на поголем ризик да се соочиме со здравствени проблеми. Може да станеме поизложени дури и на ризик да се здебелиме. Не може да се очекува дека кој било од нас може постојано да се чувствува исполнето и среќно. И сите ние наоѓаме различни начини да си ги смириме чувствата. Некои луѓе уживаат во телевизиски серии наместо да спијат. Некои други пак пушат цигари, пијат алкохол, се коцкаат или одат на купување. Некои луѓе ја користат храната за да се справат со тешките ситуации и да си ги смират чувствата кога ништо друго не им помага. Ова може да функционира краток временски период, но со текот на времето може да прерасне во предизвик само по себе.

Ова однесување психолозите го нарекуваат емоционално јадење. Сите ние понекогаш го правиме тоа, само некој повеќе од другите. Стресот, депресијата и анксиозноста може да имаат улога. Исто така и големите промени во животот како што се формирање семејство, промена на работата или преселување, па дури и некоја траума од детството може да имаат улога.

Справување со траума и емоционална болка
Емоционалното јадење може да има многу причини. Tоа се поврзува со длабока емоционална траума или болка. Но не сите можат да го поврзат емоционалното јадење со точно одреден настан. Кај некои луѓе, тоа може да се јави поради стрес.

Маѓепсаниот круг на емоционалното јадење
Откако еднаш ќе ја стекнете навиката, таа често може да се манифестира. Многу луѓе велат дека емоционалното јадење е исто како која било друга зависност, на пример пушењето. Ова може да создаде маѓепсан круг. Почнува со јадење за да се смират емоциите, што дава привремено олеснување. Но потоа чувството на засраменост поради претерување одново го почнува циклусот.

Циклусот е поттикнат и од негативните искуства кои се вообичаени за луѓето што живеат со дебелина. Луѓето со дебелина често се чувствуваат отфрлени од општеството, или чувствуваат дека не ја добиваат поддршката што им е потребна од семејството, пријателите или лекарите.

Пронајдете ја поддршката што ви е потребна
Може да е утешно знаењето дека дури и малите промени во начинот на животот и размислувањето може да имаат позитивно влијание на нашата ментална благосостојба. Понекогаш ни треба нечие друго гледиште за да ни помогне да сфатиме какви промени да направиме и како да ги направиме. Тоа може да биде пријател, член на семејството или психолог.

За почеток, може да погледнеме во изворот на нашите негативни емоции. Понекогаш, едноставно откривањето кои се тие може да биде важен прв чекор. Психолог може да ви помогне на овој пат.

Друг пристап е промена на начинот на којшто одговараме на нашите чувства. Во овој случај, бихевиоралната терапија, којашто ви помага да ги разберете и измените моделите на размислување, јадење и активности, се покажала како ефикасна.

Не сте сигурни каде да побарате помош или кому да се обратите? Одличен почеток е да побарате помош од здравствен работник.

За детално читање на овој текст, погледнете на 08-09 стр. во електронското издание на BETTY магазин (Октомври 2023).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>