Фармацевти
Контакт

<< Назад

Шешир – Совршен моден додаток на секоја летна комбинација

јули 2, 2020

|



Со  доаѓањето на летниот период и високите температури, сите ние се ослободуваме од одредени модни додатоци од нашата гардероба и преферираме комбинации кои се лесни и идеални за топлите летни денови. Сепак, постои еден must have моден детаљ во женската гардероба, без кој не може да се замислат летните прошетки низ парк, ниту деновите поминати на плажа.

Летниот шешир е омилен и незаменлив моден додаток за време на високите температури и  не излегува од мода веќе со децении. Покрај тоа што служи да ве заштити од топлината, како и да ја заштити вашата коса од сушење и пукање на влакната, тој, исто така, е и стилско парче во кое ќе изгледате гламурозно и женствено. Шеширот идеално се вклопува и е совршен додаток на секоја летна облека, независно од тоа дали е во комбинација со омилениот фустан, тексас шорцови и шик маица, со костимот за капење или со која било друга летна гардероба.

Во минатото, шеширите го означувале социјалниот статус, односно ги истакнувале оние што уживале висок статус во општеството. Низ историјата дамите ги прекривале своите глави со најразлични шешири. Во шеширите уживале богатите аристократи, па така носењето шешир и прекривањето на косата за дамите станало нешто задолжително, особено кога станувало збор за кралските семејства и нивните женски членови.

Екстравагантните креации може да се носат со различни комбинации на облека. Тие даваат посебна нота на секој стајлинг и го подигнуваат на повисоко ниво, а последните неколку години се постојано во тренд и се еден од најатрактивните модни додатоци.

Елегантните летни шешири во широк облик, декорирани со шарени марами најмногу се поврзуваат со стилот на Одри Хепберн. Дури и ако не сте претставнички на женственото облекување, сосема во ред е да поседувате барем еден ваков шешир којшто ќе го носите кога ќе се чувствувате нежно и женствено.

Класичните сламени шешири без додаток или со мала машна или лента  одговараат на секој аутфит. Доколку ги сакате класичните комбинации, сламените шешири се идеален додаток, за дневни комбинации, но одлично се вклопуваат и со долгите вечерни бохо фустани и воопшто со секоја летна гардероба.

Постојат многу видови шешири од слама, односно шпански шешир од панама, сламен шешир во каубојски стил, мал или голем сламен шешир. Панама шпанскиот шешир е одличен избор за дневни прошетки, кои го потенцираат обичниот стил.

Ако сте малку похрабри, тогаш вашиот избор може да биде голем, шарен шешир. Изборот на бои и големини е огромен, така што можете да бидете сигурни дека лесно ќе го пронајдете шеширот кој го посакувате. Големите шешири најдобро одат во комбинација со костими за капење или со фустани во една боја.

Денес, шеширите се еден од најкористените детали во женската гардероба. Едно е сигурно, тие секогаш биле симбол на елеганцијата и префинетоста. На вас останува да го одберете вистинскиот шешир за вас, но секогаш при изборот важно е да го почитувате сопствениот стил.

За детално читање на овој текст, погледнете на 23 стр. во електронското издание на BETTY магазин (ЈУЛИ 2020).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>