Фармацевти
Контакт

<< Назад

ШТО ГО ПРЕДИЗВИКУВА КАРИЕСОТ И НЕГОВО ТРЕТИРАЊЕ

април 1, 2024



Пишува: Д-р Катерина Сиљаноска - Стоматолог

Околу 80% од причините за лошиот здив доаѓаат од усната празнина, а останатите 20% се предизвикани од заболувања на желудникот, инфекции на респираторниот тракт, хроничен бронхит и дијабет.

Вистината за кариесот
- Шеќерот е единствениот причинител на кариес. Кои било јаглехидрати што ги консумираме може да предизвикаат кариес: ориз, компир, леб, кои пак во себе содржат шеќер.
- Возраста не влијае на појавата на кариес, но благодарение на флуорот всушност се превенира појавата на кариес кај лица до 20-годишна возраст.

Кариесот кај постарите лица, пак, е во подем поради честото користење лекови.
- Пломбите немаат рок на траење и не е неопходно да бидат заменети со нови по одреден период.
- Штом кариесот е третиран, распаѓањето престанува. Откако ќе се пополни кавитетот, веројатноста за неговата повторна појава е многу мала.
- Чкртањето не предизвикува кариес, но е најлошото нешто што може да му се случи на забалото, зошто создава огромен притисок врз забите, што може да предизвика пукнатини.

Флуорот и забите на вашите деца
Светски испитувања покажаа дека во областите каде што се користи флуорирана вода кариесот и распаѓањето на забите се намалени за 50%, а од друга страна, пак, во местата каде што водата не е флуорирана се препорачува редовна хигиена, четкање и плакнење со антисептици.

Дали е флуорот безбеден?
Потврдено и клинички испитано е дека флуорот користен во соодветни количини е истовремено безбеден и високо ефикасен.

Дозволени количини за деца од 3 до 6-годишна возраст е паста колку зрно грашок двапати дневно, додека за деца помали од 3 години количеството треба да биде колку зрно ориз.

За детално читање на овој текст, погледнете на 14-15 стр. во електронското издание на BETTY магазин (Април 2024).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>