Фармацевти
Контакт

<< Назад

Што е важно да знаеме за анемија – слабокрвност

декември 31, 2023



Пишува: Д-р Соња Ризова - Д-р по општа медицина

Анемија претставува апсолутно намалување на бројот на Ер, концентрацијата на хемоглобин или вредноста на хематокритот. Критериуми за анемија според СЗО се:
Критериуми за анемија според СЗО се:
• Деца: хемоглобин < 110 g/L;
• Жени: хемоглобин < 120 g/L, а во тек на бременост < 110 g/L;
• Мажи: хемоглобин < 130 g/L;

Етиопатогенеза
Преваленцата на анемија варира, почеста е кај жени и често е случајна дијагноза. Одредување на хемоглобинот честопати е рутинска анализа, и начин како се дијагностицира анемија. Кај голем број на пациенти дефицитот на железо е најчеста причина за настанување на анемија (околу 50% од пациентите во амбуланта). Анемијата не е конечна дијагноза, туку симптом, причината за овој симптом, односно основната болест мора да се детерминира. Анемијата е резултат на нерамнотежа помеѓу создавањето на еритроцити и губењето на еритроцитите.

• Два патогенетски механизми:
› Зголемен губиток на Еритроцити (хемолиза или крварење)
› Недоволно создавање на еритроцити

1. Морфолошка класификација на анемиите
Микроцитни-хипохромни
• Железо дефицитна анемија
• Таласемии
• Секундарни анемии(кај хронични болести и труење со олово)

2. Нормцитни-нормохромни
• Хемолитички анемии
• Постхеморагични анемии

3. Макроцитни-хиперхромни
• Мегалобластни анемии
• Анемии кај алкохолизам
• Анемии кај хронерен хепатитис

Постхеморагична анемија е поделена на акутна и хронична

Анемии поради дефицит на градивни материјали:
• Дефицит на железо
• Дефицит на вит. Б12
• Дефицит на фолна киселина
• Дефицит на вит. Б6 (пиридоксин)
• Дефицит на вит. Ц
• Дефицит на аминокиселини

Хемолитични - Корпускуларни (хередитарни)

Екстракорпускуларни - (имуни и неимуни)

Хипорегенеративни - Aпластични анемии, инфилтрација на коскена срцевина со малигни клетки, анемии поради нарушена хомеостаза(инфекции,ревматски и ендокрини заболувања)

Општи симптоми за анемија се:
замор, блед тен, изнемоштеност и губење на здивот болки во градите, забрзано срцебиење, главоболки, вртоглавици, ладни дланки и стапала, кршливи нокти, намален апетит (особено кај новороденчиња и деца), гадење, повраќање.
Eдна од најчестите анемии е железо дефицитна анемија во која отустни се резервите на железо,при што имаме намалување на серумското жлезо, намалена е концентрацијата на хемоглобинот и имаме намалено заситување на трансферинот со железо.

Најчести причини за железо дефицтна анемија се седниве:
- Нарушена апсорпција-малапсорпција, ресекција на желудникот
- Хронична крвозагуба
(менорагија, метрорагија, хемаурија, дивертикулуза, улцеративен колитис, хемоптизии, хемоптое)
- Недволно внесување на железо во храната
-Гравидитет и лактација.

Ризични групи за желзо дефицитн анемија се: жени во репрудуктувен период, новороенчиња и деца родени со мала телесна тежина, вегетерјанци и пациенти со болести на дигестивниот систем. Симптоми кои се јавуваат кај овие пациенти се замор и омалаксаност поради кој не можат да ги изведуваат нормалните секојдневни активности, ирегуларен пулс, болка во гради, намалена концентрација, вртоглавици и зашеметеност, главоболки, глад за воздух, синдром на нервозни нозе, нетолеранцијата на студ се развива кај една петтина од пациентите со хронична анемија со дефицит на железо и се манифестира со вазомоторни нарушувања, невролошка болка или вкочанетост и пецкање.

Степенот на изразено на симптомите зависи од тежината на анемијата. Железото е суштински елемент за човековиот организам, бидејќи учествува во широк спектар на метаболистички процеси, вклучително и транспорт на кислород, синтеза на деоксирибонуклеинска киселина (ДНК) и транспорт на електрони.

Сепак, затоа што железото може да формира слободни радикали неговата концентрација во телесните ткива мора строго да се регулира, бидејќи во прекумерни количини тоа може да доведе до оштетување на ткивото.

Нарушувањата во метаболизмот на железото се меѓу најчестите болести кај луѓето и опфаќаат широк спектар на болести со разновидни клинички манифестации, кои се движат од анемија до преоптоварување со железо и евентуално до невродегенеративни заболувања.

Дијагнозата
Дијагнозата се поставува врз основа на анамнезата, клиничката слика,преглед на периферната крв (намален број на еритроцити, вредности на хемоглобинот и хематокритот), преглед на коскената срцевина, биохемиски испитувања одредување на железото и феритинот во серумот, тест на орално оптеретување со железо, , изотописки испитувања итн. Во нејасни случаи се испитува и коскената срцевина, како основната морфологија,така и по боење берлинско сино. Резервите на железо се празни. Резултатите кај железо дефицитарната анемија се значително повисоки.
Третман
Се состои од примена на препарати на железо, преку перорален или парентерален пат. Железото најдобро се ресорбира доколку се земе 2 часа пред оброк заедно со витамин Ц, кој овозможува негова стабилизација во редуктивен феро облик со што ја олеснува апсорпцијата.

Кај тешки облици понекогаш е потребно да се примени трансфузија на концентрирани ериторцити. Нормално и неопходно е лекување на етиолошкиот фактор за анемијата.

Најчесто, терапијата на анемија треба да трае најмалку 3-6 месеци, време потребно не само за корекција на вообичаените параметри од крвната слика, туку и за пополнување на депоата.

Најновите генерации на препарати со железо содржат хем железо кое ја зголемува апсорпцијата на железото и овозможува подобра ресорпција.

За детално читање на овој текст, погледнете на 20-21 стр. во електронското издание на BETTY магазин (Јануари 2024).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>