• Мозочниот удар претставува прекин или намалување на протокот на крв во мозокот, поради крварење или запушување на соодветен крвен сад.
• Годишно бројот на мозочни удари во светот е 100 до 300 болни на 100.000 жители.
• Во Република Северна Македонија од мозочен удар страдаат 240 пациенти на 100.000 жители или 3,9 пациенти дневно. Годишната смртност изнесува 64 случаеви на 100.000 жители.
• Најчесто се јавува кај особи постари од 65 години, и најголем дел од мозочните удари настануваат заради запушување на соодветна артерија 88%, а додека 12% се како последица на крварење во мозокот.
ПРИЧИНИ ЗА НАСТАНУВАЊЕ НА МОЗОЧЕН УДАР
Една од причините за настанување на мозочен удар е АТЕРОСКЛЕРОЗА, односно крутост и стеснување на крвните садови. Кај 82% од пациентите со симптоми и кај 5 % кај пациентите без симптоми, се најдени стеснувања на крвните садови, а каротидна стеноза е присутна кај 75% од мажите и 62% кај жени на возраст од 65 години, каротидна оклузивна болеста е одговорна за 15-20% од сите исхемични удари. Друг фактор на ризик е ЗГОЛЕМЕН КРВЕН ПРИТИСОК, кој е препознаен како клучен за исхемични болести и нарушувања на мозочната циркулација, тоа е главниот и најмоќниот фактор на ризик за сите видови на мозочен удар, без оглед на географскиот регион и етничката група. Епидемиолошките студии покажаа дека ДИЈАБЕТОТ е независен фактор на ризик за мозочен удар и исхемичен и хеморагичен. Микроваскуларизацијата на мозокот е исто така сериозно засегната кај пациенти со дијабет.
ПОСЛЕДИЦИ ОД МОЗОЧЕН УДАР
- Физичка попреченост, инвалидитет
- Когнитивни пречки, поточно пречки во говор, комуникација, помнење, фокусираност
- Емоционални нарушувања и промени на личноста, при што депресија после мозочен удар е најчестото емоционално нарушување
АМИНАЛОН и неговиот превентивен и тераписки потенцијал
Аминалон односно гама - аминобутерна киселина (ГАБА) е главен инхибиторен преносител на импулси во мозокот на возрасен цицач. ГАБА исто така се смета за мултифункционална молекула која има различни функции во централниот нервен систем, периферниот нервен систем и во некои неневронски ткива.
Познато е дека оштетувањето на нервното ткиво предизвикува инфламаторен (воспалителен) одговор, предизвикувајќи ослободување на различни инфламаторни медијатори, кои што може да предизвикаат оштетување на клетките во мозокот, а бројни испитувања ја покажаа важната улога на ГАБА во невропротекцијата (заштита од оштетување на нервните клетки) и против појавата на дегенерација предизвикана од токсини или повреда.
Атеросклероза и улогата на Аминалон (ГАБА)
Аминлонот има инхибирачко дејство главните патолошки процеси на атеросклероза, хронична инфламаторна болест која вклучува и вродени и стекнати имунолошки реакции во ѕидот на артеријата. Покрај тоа, ГАБА има невропротективни (заштитни) ефекти при исхемична повреда на мозокот, што е една од сериозните компликации на атеросклероза. Затоа, ГАБА е потенцијална терапија за превенција и додадок на терапија кај атеросклероза.
Покачен крвен притисок и улогата на Аминалон (ГАБА)
Аминалонот (ГАБА) делува на тонусот и дразбата на клетките на крвните садови, што доведува до релаксаторен ефект на истите, односно индиректно намалување на крвниот притисок.
Дијабет и улогата на Аминалон (ГАБА)
Гама амино бутерната киселина (ГАБА) има значајна улога во контролата на гликозата во крвта, енергетската хомеостаза, како и внесот на храна на неколку нивоа на регулација. Корисниот ефект на ГАБА е споредлив со оној на инсулинот. ГАБА може да ја намали инсулинската резистенција и исто така доведува до намалено создавање на глукоза во крвта, од храна која во основа не е јаглехидрат.
• ГАБА го намалува нивото на гликемијата, ја намалува инсулинската резистенција, го стимулира осолободувањето на инсулин и го превенира оштетувањето на панкреасот.
Улогата на Аминалон (ГАБА) во третман на невро-психички последици на мозочен удар
• За да има правилно функционирање на мозокот, мора да се одржува сложена рамнотежа помеѓу инхибиторните ефекти на ГАБА и возбудливите ефекти на глутаматот. По мозочен удар утврдено е опаѓање на концентрацијата на мелатонин и ГАБА, истото резултира со тежината на мозочниот удар и е причина за несоница, нервоза.
• ГАБА иницијално го превенира мозочното ткиво да стане премногу ексцитирано (возбудено) и го превенира неговото изумирање.
• ГАБА има улога и во враќање на пластичноста на крвните садови, што игра важна улога во закрепнувањето од мозочен удар
• Аминалон преку активирање на интегративните механизми на мозокот доведува до подобрување на меморијата, учењето, како и оперативна активност, го забрзува закрепнувањето на оштетените функции на нервниот систем по повреди.
• Ја зголемува стабилноста на мозокот при влијанијаа на физички и хемиски фактори, особено при хипоксија и аноксија на мозокот
• Допринесува за подобрување на микроциркулацијата во мозокот
Користена литература
Sacco R et al. An Updated Definition of Stroke for the 21st Century. A Statement for Healthcare Professionals From the American Heart Association/American Stroke Association. Stroke. 2013;44:2064–2089
Mamchur VI, Dronov SN. Synergy of piracetam and aminalon in the cerebroprotective effect of olatropyl. Med. perspekt. . 2018Nov.29 ;23(3):4-12.
Clarkson AN, Huang BS, Macisaac SE, Mody I, Carmichael ST. Reducing excessive GABA-mediated tonic inhibition promotes functional recovery after stroke. Nature. 2010;468:305–309
Liepert J, Hamzei F, Weiller C. Motor cortex disinhibition of the unaffected hemisphere after acute stroke. Muscle Nerve. 2000;23:1761–1763
Cho YR, Chang JY, Chang HC. Production of gamma-aminobutyric acid (GABA) by Lactobacillus buchneri isolated from kimchi and its neuroprotective eect on neuronal cells. J. Microbiol. Biotechnol. 2007, 17, 104–109.
LiW, Wei M, Wu J et al. Dong, M. Novel fermented chickpea milk with enhanced level of –aminobutyric acid and neuroprotective eect on PC12 cells. Peer J 2016, 4, e2292.
Zhou C et al. Neuroprotection of gamma-aminobutyric acid receptor agonists via enhancing neuronal nitric oxide synthase (Ser847) phosphorylation through increased neuronal nitric oxide synthase and PSD95 interaction and inhibited protein phosphatase activity in cerebral ischemia. J. Neurosci. Res. 2008, 86, 2973–2983
Soltani N et al. GABA exerts protective and regenerative eects on islet beta cells and reverses diabetes. Proc. Natl. Acad. Sci. USA 2011, 108, 11692–11697
Schellack N, Naicker, P. Hypertension: A review of antihypertensive medication, past and present. S. Afr. Pharm. J. 2015, 82, 17–25.
Murray BA, FitzGerald RJ. Angiotensin converting enzyme inhibitory peptides derived from food proteins: Biochemistry, bioactivity and production. Curr. Pharm. Des. 2007, 13, 773–791.
Ying Yang 1, Hui Luo, Long-Xian Cheng, Kun Liu .Inhibitory role for GABA in atherosclerosis 2013 Nov;81(5):803-4. doi: 10.1016/j.mehy.2013.08.029. Epub 2013 Sep 3.
Chaturvedi S, Bruno A, Feasby T, Holloway R, Benavente O, Cohen SN, et al.Therapeutics and Technology Assessment Subcommittee of the AmericanAcademy of Neurology. Carotid endarterectomy—an evidence-based review: report of the Therapeutics and Technology Assessment Subcommittee of the American Academy of Neurology. Neurology. 2005. 65:794–801.
Lusby RJ, Ferrel LD, Wylie EJ. The significance of intraplaque hemorrhage in the pathogenesis of carotid atherosclersis, In: Cerebrovacular insufficiency, Bergan JJ, Yao JST (eds), Grune Stratton, New York. 1983. 41-50.
За детално читање на овој текст, погледнете на 26-27 стр. во електронското издание на BETTY магазин (Јуни 2023).