Фармацевти
Контакт

<< Назад

Што е оклузија?

октомври 1, 2020

|

д-р Катерина Николовска
Доктор по стоматологија
Специјализант на ортодонција



Оклузија (загриз) претставува начин на кој забите остваруваат контакт помеѓу себе кога лицето е со затворена уста. Малоклузија претставува неусогласеност помеѓу забите во горниот и долниот забен лак кога тие се среќаваат при затворањето на горната со долната вилица. Со други зборови, малоклузија преставува секоја девијација на оклузијата од нормалата. Во проценката на малоклузијата мора да се земе предвид естетиката и функционалноста. Доколку овие аспекти се прифатливи за личноста и покрај формалната дефиниција за малоклузијата, тогаш третманот можеби и нема да е потребен. Во ортодонцијата постои поделба на малоклузиите на повеќе класи. Можеби најнегативен ефект на психосоцијалната
благосостојба има т.н малоклузија III (трета) класа - прогенија. Највпечатлив знак за малоклузија III класа претставува дисхармонија на лицето која во профил се карактеризира со
пренагласена долна третина од лицето, односно “истуреност” на брадата, а во анфас – скратена долна третина од лицето. Често пати кај таквите индивидуи има преголем раст на долната вилица во однос на горната. Карактеристичен знак во уста преставува поголема истакнатост на долните предни заби – долните предни заби се поставени понапред од горните.

Застапеноста на оваа аномалија во популацијата е 2 - 4% и најчесто има наследен фактор, а нејзината фрекфенција зависи од возраста и географските варијации. Истражувањата покажуваат дека прогенија се забележува уште во предпубертетска возраст. За прв пат кај една индивидуа оваа состојба ја среќаваме кај новороденчиња во вториот месец (во овој период е нормална состојба) и најчесто исчезнува во четвртиот месец. Кај поединечни случаи, особено кога детето е прерано родено оваа состојба може и да се задржи. Едни од најважните причини за корекција на оваа состојба се естетиката и функцијата. Состојбата може да има психолошко влијание на личноста кое резултира со ниска самодоверба и исто така потешкотии при говор и џвакање на храната.
Една од опциите за корекција на оваа аномалија во рана фаза претставува апарат за модификација на растот – т.н Делерова маска (Delaire mask) или лицева маска. Апаратот се состои од два дела: протеза која се поставува во устата и е фиксен дел – се носи постојано и надворешен дел – маска - која се носи 12 часа во денот, најмалку 6 месеци, зависно од случајот. Контролите се прават кај Вашиот ортодонт, на почетокот на неколку дена, а подоцна два пати месечно и поретко. Овој апарат го стимулира растот на горната вилица и на забите према напред и долу, додека долната вилица ротира назад и горе. Оваа метода е единствена со која може да се постигнат најдобри резултати и оптимално е да се носи во периодот од осмата и деветтата година од животот кај децата. Колку е подолга терапијата, толку е помала веројатноста оваа состојба да се врати по терапијата. Веднаш по вадењето на маската се изработува т.н ретенционен апарат – апарат кој се носи за да се задржат постигнатите резултати од терапијата.
Доколку кај деца од 5 - 6 годишна возраст, иако се уште не се изникнати трајните заби, забележите преголема изразеност на долната вилица и долните предни заби се поставени понапред од горните предни заби, неопходно е што поскоро да се обратите кај ортодонт за да се отпочне со терапија.

За детално читање на овој текст, погледнете на 24 стр. во електронското издание на BETTY магазин (ОКТОМВРИ 2020).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>