Фармацевти
Контакт

<< Назад

Што предизвикува дебелина?

ноември 1, 2022

Ајде да разговараме: 13 прашања за дебелината што може да му ги поставите на вашиот лекар.
Овие 13 прашања може да ви помогнат да го направите првиот чекор во справувањето со телесната тежина.

1. Сакам да ослабам. Како вообичаено развивате план за третман со вашите пациенти?
Прашајте го вашиот лекар како вообичаено им помага на пациентите да ги постигнат своите здравствени цели. Бидете подготвени да разговарате за историјата на вашата телесна тежина и за очекувањата во иднина.

2. Колку килограми треба да ослабам?
Вашиот лекар треба да ви помогне да ги одредите сите важни и реални цели што одговараат на планот за слабеење.

3. Кои други терапевтски опции би ми ги препорачале и зошто?
Може многу да ви користи да го поставите ова прашање бидејќи лекарот ќе ви понуди повеќе различни терапии, понекогаш во комбинација. Целта е да се избере третман кој најдобро ги решава причините за зголемувањето на телесната тежина, како што се вашата биологија, психологија и однесување.

4. Кои терапевтски опции можете да ми ги препорачате и зошто?
Ова е важно прашање бидејќи ниту еден пристап не функционира подеднакво за секого. Вашиот лекар ќе ги земе предвид околностите, здравствената состојба и претходните третмани за да утврди кои типови тестови, процени и третмани одговараат на вашиот план за слабеење.

5. Колку често треба да доаѓам на контрола за да бидам сигурен дека напредувам со намалувањето на телесната тежина?
Вашиот лекар ќе ве советува колку често треба да одите на контрола во зависност од планот за третман. Прегледите се наменети да ве поддржат, да го следат вашиот напредок и ако треба да ви се смени третманот.

6. Колку чини третманот и дали е покриен од Фондот за здравствено осигурување?
Трошоците за намалување на телесната тежина што ги покриваат здравствените системи се многу различни и се разликуваат во секоја земја. За да не се изненадите непријатно, важно е уште на почетокот да знаете колкаво ќе биде финансиското оптоварување од третманот.

7. Што ќе се случи ако не функционира мојот план за третман на телесната тежина?
Треба да знаете дека вашиот лекар има повеќе пристапи со кои може да ви помогне да успеете да ослабете.

8. Дали сте посветени да ми помогнете да ги постигнам моите цели за намалување на телесната тежина?
Важно е да чувствувате дека сте во добри раце. Потребен ви е лекар кој ќе ви биде вистински партнер, ќе биде во постојан контакт со вас и ќе ја дели одговорноста за вашиот успех.

9. Што да почнам да правам уште денеска за да ги постигнам целите кога е во прашање намалувањето на телесната тежина?
Важно е да запомните дека целите што сте си ги поставиле за да ослабете нема да се остварат преку ноќ. Но вашиот лекар ќе ви помогне да почнете уште денеска.

10. Дали постојат предизвици поврзани со мојата генетика и етничката припадност?
Дебелината може да се поврзе со генетиката и важно е да бидете свесни за генетските фактори што можат да влијаат на процесот на слабеење.

11. Колку време ќе ми треба да ги постигнам моите цели за намалување на телесната тежина?
Процената на лекарите кога ќе ги постигнете целите за намалување на тежината најчесто се заснова на различни фактори, како што се очекувањата за намалување на тежината, начинот на животот и сите постоечки медицински состојби.

12. Кој друг може да ми помогне во справувањето со мојата тежина?
Диететичарите, психолозите и физиотерапевтите можат да ви помогнат.
Покрај пријателите, семејството и вашиот тим здравствени работници, има многу локални и онлајн групи за поддршка.

13. Кои се најголемите здравствени придобивки што можам да ги очекувам од намалувањето на телесната тежина?
Ако ги знаете и разберете здравствените придобивки од вашиот план за слабеење, ќе бидете мотивирани. Добрата вест е дека дури и мало намалување на тежината од пет проценти или повеќе може да има позитивно влијание врз здравјето.

За детално читање на овој текст, погледнете на 08-09 стр. во електронското издание на BETTY магазин (Ноември 2022).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>