Фармацевти
Контакт

<< Назад

Што претставува тригеминалната невралгија?

декември 1, 2023



Пишува: Д-р Марија Милановска - Специјалист по неврологија во НЕУРОМЕДИКА

Тригеминалната невралгија претставува акутно настаната најчесто еднострана лицева болка, која го инволвира петтиот кранијален нерв (н. тригеминус). Болките се јавуваат и исчезнуваат нагло. Тие се многу специфични, се појавуваат во епизоди, односно пароксизми, слични се на струен удар, многу се интензивни, траат од неколку секунди до неколку минути, а се провоцирани од актив- ности во кои се ангажирани лицевите мускули, како што се зборување, голтање, џвакање, миење лице и заби, шминкање. Во текот на напа- дот на болка лицевата мус- кулатура на зафатената стра- на се наоѓа во болен, спазматичен грч. Во периодот помеѓу нападите индивидуата не чувствува болка. Придружен феномен на тригеминалната невралгија е алодинијата, која се карактеризира со појава на интензивна болка во засегната страна на лицето и при најмала дразба (на пример, при струење воздух или ветар).

КОИ СЕ ПРИЧИНИТЕ ЗА ПОЈАВА НА ТРИГЕМИНАЛНА НЕВРАЛГИЈА?
Во најголем број од случаите причините за појава на тригеминална невралгија остануваат непознати кога станува збор за т.н. идиопатска тригеминална невралгија. Од друга страна, кај симптоматските тригеминални невралгии етиолошкиот причинител е познат. Станува збор за процеси што се случуваат на ниво на централниот нервен систем и кои вршат притисок на дел од патот на тригеми- налниот нерв, како што се заболувања на крвните садови на мозокот, најчесто аневризми или артериовен- ски малформации, демиели- низирачки плаки кај мулти- пла склероза или тумори во задната мозочна јама (менингеоми).

КАКО СЕ ДИЈАГНОСТИЦИРА ТРИГЕМИНАЛНАТА НЕВРАЛГИЈА?
Дијагнозата на тригеминалната невралгија се поставува клинички. Не постои специфична дијагностичка метода врз основа на која се поставува дијагноза на тригеминална невралгија, барем кога станува збор за идиопат- ската форма. Најчесто добро земената анамнеза ќе нè упати кон вистинската дијагноза, особено поради фактот што на ниедно друго место не се сретнува болка што личи на таа кај тригеминал- ната невралгија. Кога станува збор за симптомат- ска тригеминална невралгија, невроимиџинг- методите од типот на магнетна резонанција и компјутерска томографија на мозокот се од голе- мо значење затоа што со нив се детектира етио- лошкиот причинител кој довел до појава на невралгијата.

СО КОИ ДРУГИ СОСТОЈБИ НЕ СМЕЕ ДА ЈА ЗАМЕНИМЕ ТРИГЕМИНАЛНАТА НЕВРАЛГИЈА?
Болката кај тригеминална невралгија не смее да се замени со кластер-главоболка, синуситис, процеси што го зафаќаат темпоромандибулар- ниот зглоб, како и патолошки процеси на устата и забалото. Добро поставената дијагноза е од голема важност затоа што ќе ја поштеди индиви- дуата од непотребна екстракција на заби, која често се случува при поставување дијагноза на тригеминална невралгија.

КАКО СЕ ЛЕКУВА ТРИГЕМИНАЛНАТА НЕВРАЛГИЈА?
Невропатската болка речиси и да не реагира на терапија со конвенционални аналгетици и нестероидни антиинфламаторни лекови. Затоа класичната аналгетска терапија не дава добар терапевтски одговор. Од друга страна, лекови што примарно се користат во терапија на епилепсија, т.е. антиконвулзиви, даваат одлични терапевтски резултати кај тригеминалната невралгија. Најчес- то користени лекови од оваа група се „карбама- зепин“ и „окскарбазепин“, од постарите, односно „габапентин“ од поновите антиепилептици. Кај симптоматските форми на тригерминална невралгија индициран е хируршки третман. Најчесто со посредство на неврохирургијата се отстранува етилошкиот причинител на невралгијата (тумор, аневризма), со што се врши декомпресија, односно нервот се ослободува од притисокот. Кај некои од случаите се прави т.н. ризотомија, односно засекување на коренот на нервот, со помош на што се обезбедува обезболување за извесен временски период.\

За детално читање на овој текст, погледнете на 16-17 стр. во електронското издание на BETTY магазин (Декември 2023).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>