Фармацевти
Контакт

<< Назад

Љубовта кон медот и пчелите – неизмерна мотивација за повеќе од 50 години континуирано пчеларење

декември 1, 2022



Денес РЕС-КОМ е една од водечките фирми за производство и продажба на мед, пчелни производи и џемови кон крајни потрошувачи на Балканот и пошироко

9000 години взаемна љубов и почит ја краси врската на медоносната пчела и човештвото. Оваа фацинантна и незаменлива карика во нашето општество е заслужна за 1/3 од целокупното производство на храна на светски размери.

Оваа љубов кон медот и пчелните чудесни продукти нас ни дава неизмерна мотивација за да сме трета генерација на пчелари со повеќе од 50 години континуирано пчеларење. Благодарение на нашата пасија за да одговориме на потребите на нашите блиски потрошувачи и соработници се појави идеја да се креира фирма која ќе понуди пчелни производи секаде во светот.

Таа идеја стана реалност кога пред 28 години се создаде ДООЕЛ Рес-ком во 1994 година.
Денес РЕС-КОМ е една од водечките фирми за продажба на мед, пчелни производи и џемови кон крајни потрошувачи на Балканот но и пошироко. Поради потребите на фирмата соработуваме со над 300 кооперанти од земјава за откуп на мед и пчелни производи. Благодарение на тоа имаме можност да го претставуваме македонскиот мед како на домашен пазар но и извозно во следниве држави: Косово, Албанија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска, САД, Канада, Австралија, Саудиска Арабија. Денес РЕС-КОМ располага со асортиман од над 60 артикли. Фокусот кон квалитет не насоче да станеме единствената фирма во регионот која што има пастеризатор за мед, кој го подобрува квалитетот со уништување на квасците во медот и ја пролонгира кристализацијата на продуктот.

Располагаме со сопствена ,модернизирана и високо квалификувана лабораторија во чиј ред се вбројува и HPLC апарат (течен хроматограф, кој што дава високо прецизни резултати за квалитетниот и квантитативен состав на медот). Со HPLC апаратот се стекнавме пред четири години како една од ретките приватни фирми, која може да се пофали со вака модернизирана лабораторија во нашата земја, која исто така бара и квалификуван кадар за работа со истиот.

Целта на оваа лабараторија е внатрешна контрола на производите пред нивно испраќање на продажба. Медот покрај тоа што се користи како природен засладувач, има антиинфламаторно дејство, претставува антиоксидант и антибактериски агент. Медот е природен пчелин производ, многу хранлив кој содржи многу хранливи состојки: белковини, есенцијални масти, витамини, минерали и флавоноиди. Медот и производите од мед во исхраната на човекот се се повеќе застапени и со нивна секојдневна употреба се подобрува имунитетот на организмот. Прополисот е пчелин производ кој настанува со мешање на различни врсти на растителни смоли, на кои пчелите за време на берењето и преработката дoдаваат екстракти од своите жлезди.

Прополис содржи: флавоноиди, циметова киселина, кофеинска киселина, восоци (кои содржат малку незаситени масни киселини), етерични масла и разни алдехиди. Поленовиот прав е пчелин производ - збир на поленови зрнца од цветните растенија, ситен прав дополнет со секрецијата од жлездите на пчелите и со нектар. Поленот придонесува во одржување на нормалната функцијата на имуниот систем, е природен антиоксиданс кој придонесува за заштита од оксидативен стрес, придонесува за намалување на заморот, придонесува за одржување на тонусот и енергијата, придонесува за зголемување на апетитот. Матичен млеч е млечно - бела, желатинозна материја која се излачува од плунковните жлезди на пчелите. Овој пчелен продукт е исклучително богат со витамини, амино киселини, олигоминерали итн.

Фокусот кон квалитет и понуда насочена директно на потребите на нашите потрошу- вачи, ни даваат неизмерна сила да создаваме производи кои ја следат догмата на традици- онални производи кои нудат решенија за модерниот човек.

Нашиот тим успешно работи на развој на нови производи во делот на додатоци во исхрана.

Во Betty аптеките од овој месец е во продажба Магнезиум директ 375 + Ацерола.
Нашата мисија е производство на квалитетни производи кои ги задоволуваат потребите на нашите потрошувачи од 2 до 102 години, насекаде во светот.

Нашата визија е креирање на здравје преку секојдневието и понуда на здрави суплементи во исхраната за сите.

За детално читање на овој текст, погледнете на 04-05 стр. во електронското издание на BETTY магазин (Декември 2022).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>