|
Ленче Наумовска - дипл. историчар на уметност и археолог
Љубовта е вечна инспирација на голем број ликовни уметници. Таа била опиум од кој се раѓале погледите, допирите, бакнежите и страствените прегратки, кои на сликарското платно биле боени преку љубовното треперење на четката. Историјата на уметноста создавала прекрасни сликарски дела во кои многу често љубовта била главниот мотив. Љубовта како тема давала посебна динамика на сликарското платно. Таа за нив била извор на бесконечни идеи, кои подоцна се преобликувале во бласкави визуелни композиции. Сликарството отсекогаш изобилувало со слики кои биле полни со љубовни елементи. Не само романтизмот, кој се смета за епоха на емоциите, туку и сите други уметнички епохи се „проткаени со љубовните звуци“. Целата историја на сликарството, а воедно и на уметноста, дишела во знакот на љубовта. Љубовта како мотив низ вековите не ја наоѓаме само во сликарството туку и во вајарството.
Големите сликари ја овековечиле љубовта како неисцрпна тема на своите платна.
Секој сликар во својот претпознатлив стил толку реално ја „воспеал“ вистинската љубов, што ние и ден денес сè уште ја чувстуваме кога ги гледаме врвните дела.
Меѓу големите сликари кои ја претставувале љубовта во своите дела се: Рембрант, Паул Рубенс, Франциско Гоја, Фрида Кало и многу други. Во продолжение издвојуваме неколку сликари кои ја користеле љубовта како главна инспирација во некои нивни познати дела.
Претставникот на барокот, големиот сликар Рембрант, во делото „Еврејска невеста“ од 1666 година направил портрет на вљубена двојка. Љубовта ја изразил преку нивните лица од кои зрачи восхит, милост, спокој.... Нежно ја насликал двојната прегратка, a поставеноста на двете фигури на тела како да живеат во нивниот имагинативен љубовен свет не плашејќи се тоа да го покажат пред сите.
Густав Климт, претставникот на симболизмот во своето дело „Бакнежот“ од 1908 година, ги има претставено на симболичен начин вистинските елементите на вистинската љубов, онаква каква што треба да изгледа помеѓу мажот и жената. Во ова дело двете фигури како да не се насликани телесно, туку како да се спојуваат во една. Тие како една целина се предаваат на вистинската љубов. Помеѓу телата не постои граница, тие се преплетуваат во совршен љубовен занес.
Во делото на Марк Шагал „Љубовници“ од 1928 година, се открива една прекрасна љубовна приказна помеѓу Марк и неговата прва сопруга Бела, која била неговата прва љубов и инспирација, неговата муза. Тие двајца се прикажани во заносна прегратка, како да дишат еден за друг. На многу негови слики тој ја величи и слави нивната голема љубов.
Сликарот на надреализнот Рене Магрит во своето оригинално дело од 1928 година „Љубовници“ на еден специфичен начин ја претставил љубовта. Мотив на две фигури со покриени лица во занесен бакнеж. Оваа слика има доза на мистерија за која Магрит рекол дека воошто не е мистерија и дека во неа нема ништо скришно и тоа дека ние самите мораме да откриеме за што станува збор. Магрит никогаш не ја објаснува и му остава на гледачот да ја доразвие фантазијата.
Огист Реноар е претставник на импресионизмот, модерната уметност и реалзимот, во делото „Танц во село“ од 1883 година ни ја претставува љубовта преку насмевката на девојката, но и преку танцот, и преку нејзината припиена поза во прегратките на својот сакан. Тука имаме чувство на динамика добиена од убавата мека композиција во која трепери љубовта.
Уметникот на кубизмот Пабло Пикасо во делото „Бакнеж“ од 1969 година, на специфичен кубистички начин ја насликал љубовта. Љубота е изразена преку бакнежот со кој се спојуваат усните на вљубените на чудесен начин.
Ниту големиот сликар на надреализмонт Салвадор Дали не можел да побегне од оваа тема, а инспирацијата ја добивал од неговата сопруга Гала.
Антонио Канова е еден од најголемите скулптори на неокласичниот период. Тој, исто така, ја зема љубовта како тема во неговото дело „
Бакнежот на Купидон“ (1787 - 1793). Оваа скулптура ги прикажува митолошките љубовници во момент на голема емоција. Ова ремек-дело на Канова ја отсликува големата љубов на Купидон познат како Амор. Двете тела заземаат специфична љубовна поза. Тие создаваат прекрасна скулпторска композиција која ја сочинуваат нежни линии и мекост на допирот.
Кога се твори со срце, тогаш секое дело е вистинито и вечно.
За детално читање на овој текст, погледнете на 28-29 стр. во електронското издание на BETTY магазин (ФЕВРУАРИ 2020).