Фармацевти
Контакт

<< Назад

16 трикови за вежбање за поголема активност во вашиот ден

август 3, 2022



  1. ИНТЕРВАЛНИ ТРЕНИНЗИ: Максимизирајте го вашето време и согорувајте повеќе калории со брз и ефикасен тренинг.

  2. ИСТРАЖЕТЕ ГО ВАШИОТ СОПСТВЕН ГРАД: Истражете ги вашите локални пешачки патеки. Прошетајте во населба во која не сте биле досега.

  3. ДВИЖЕТЕ СЕ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ: На пример, движете се за време на вашата пауза за доручек наместо да јадете пред компјутерот.

  4. НАЈИЗМЕНИЧНО ПАТУВАЊЕ ДО РАБОТА: Користете велосипед или јавен превоз за да стигнете до работа. Ако возите, паркирајте неколку блокови подалеку.

  5. ПРОШЕТАЈТЕ ГО КУЧЕТО: Само 20 минути шетање на вашето куче може да согори 120 калории.

  6. НА ПРОШЕТКА И ВЕЖБАЊЕ СО ДРУШТВО: Наместо да избирате помеѓу социјален живот и фитнес, комбинирајте ги двете.

  7. ЧУВАЈТЕ ГО АВТОМОБИЛОТ ВО ГАРАЖА: Имате обврски низ градот? Заштедете на гориво и пешачете или возете велосипед на кратки релации.

  8. ОДЕТЕ ПО СКАЛИ: Зацврстете ја задната ложа и зголемете го пулсот во текот на денот одејќи по скалите наместо со ескалатори и лифтови.

  9. РАСПОРЕД НА ВЕЖБАЊЕ: Закажувајте ги тренинзите и поставете аларм за нив на ист начин како што би правеле за состанок.

  10. ОДЕТЕ НА ОДМОР НА ПОИНАКОВ НАЧИН: Прескокнете ги градските обиколки со големите автобуси и истражете го градот со тоа што ќе направите пешачка тура. Побарајте хотели со теретана или фитнес центри.

  11. НАПРАВЕТЕ ГО ВЕЖБАЊЕТО ЗАБАВНО: Пронајдете ги активностите во кои ужувате. Не грижете се за она што е во тренд.

  12. ПРОБАЈТЕ НЕШТО НОВО: Не се ограничувајте само на оние трикови за вежбање со кои сте запознаени. Обидете се со нов тренинг или спорт.

  13. НЕКА БИДЕ ЕФТИНО: Вежбањето не мора да биде скапо. Упатствата за вежбање како и YouTube видеата се одличен начин да додадете разновидност во вашата рутина.

  14. ПОСТАВЕТЕ ЦЕЛ: Кога работите кон нешто конкретно, полесно е да останете мотивирани.

  15. КОРИСТЕТЕ АПЛИКАЦИЈА: Дали има нешто што паметните телефони не можат да го направат? Користете аларми со тајмер со интервали за да правите кратки вежби во текот на денот.

  16. СЛЕДЕТЕ ГО ВАШИОТ НАПРЕДОК: Ако сте некој кој најдобро функционира со визуелни резултати, инвестирањето во педометар можеби е за вас.


За детално читање на овој текст, погледнете на 14-15 стр. во електронското издание на BETTY магазин (Август 2022).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>