Фармацевти
Контакт

<< Назад

2022 ќе ја одбележат смелите бои!

јануари 1, 2022

Трендот на органска храна кој владее изминатите неколку години се истакнува со одржливоста на природните извори и значењето на природата во секое поле, па така и во боите што се најавуваат како трендовски во новата 2022 година. Во новата година подгответе се за бои добиени од растенија и билки.

Трендови на бои во 2022 година

Иако сè уште не завршивме со 2021 година, боите што ќе доминираат во идната веќе се  определени. Се вели дека предвидувањата направени од страна на британската компанија за трендови ВПСН ќе го обликуваат светот на модата и индустријата ќе заблеска во овие бои!

Еве ги тие бои!



Розова орхидеја

Живописната розова, која се очекува да се истакне и да се издвои од останатите бои, најчесто ќе се користи особено во костими за капење и вечерни облеки. Цветот на розовата орхидеја има интензивна, хиперреална и енергична боја која одлично ќе прилега и за дигитално користење. Експертите велат дека оваа заситена магента ќе влијае одлично со чувство на позитивност и бегство.

Маслинесто зелена

Оваа боја се очекува да се користи претежно во бизнисот, долната облека, чевлите, додатоците. Маслинесто зелената боја е избрана поради нејзиното избалансирано, мирно влијание и токму поради нејзината поврзаност со природата. Се предвидува дека најчесто ќе се користи во ентериер, обувки и модни детали.

Путер жолта

Жолтеникавата крем боја ќе продолжи да се гледа во секојдневната облека и ќе биде претставена во колекциите на долна облека. За разлика од жолтеникавите нијанси кои беа актуелни во изминатите години, оваа боја е понежна и помека. Кога станува збор за употреба на путер жолтата боја, се предвидува да се користи во женската долна облека и во декорациите во домот/ентериерот. Станува збор за боја која е затоплувачка и светла, која истовремено дава сјај и неутралност.

Манго шербет

Бојата која  е составена од светлопортокалова и жолта се очекува да дојде до израз во летните колекции и во спортската облека. Живописната боја ја спојува популарноста на портокаловата со сјајот на жолтата боја. Исто така, се верува дека ќе предизвика чувство на здравје и благосостојба.

Атлантско сино

Се проценува дека мешавината од органскиот индиго тон и океанската сина ќе се користат во секојдневната и спортската облека. Бидејќи сината боја е постојано популарна, изборот за атлантско сината боја и не е некое огромно изненадување. Се очекува да биде популарна во машката мода и во ентериерот.

За детално читање на овој текст, погледнете на 32 стр. во електронското издание на BETTY магазин (ЈАНУАРИ 2022).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>