Фармацевти
Контакт

<< Назад

5 ПРEДНОСТИ И ПРИДОБИВКИ ОД SACCHAROMYCES BOULARDII

март 3, 2025

1. Активно го стимулира имунитетот
Дали знаете дека 70% од имунолошкиот систем се наоѓа во дигестивниот тракт? Ова е основната причина зошто обрнувањето должно внимание на здравјето на цревата и изборот на вистинскиот пробиотик се толку важни. И додека пробиотиците базирани на бактерии функционираат со додавање на повеќе добри бактерии во цревата, Saccharomyces boulardii дејствува преку активна стимулација на имунитетот.
Saccharomyces boulardii CNCM I-745, кој е проучуван и клинички тестиран повеќе од 60 години, помага во зајакнувањето на дигестивната рамнотежа во насока на зголемена имунолошка поддршка, без додавање на повеќе бактерии во цревниот химус. Исто така, активно го стимулира производството на имуноглобулин А (IgA) - главното антитело во дигестивниот тракт на човекот што помага во одбраната од инфекции.
2. Преживува во присуство на антибиотици за да помогне во одржувањето на здравјето на цревата
Антибиотиците се пропишани за борба со бактериски инфекции. Земањето антибиотици помага да се ослободите од бактериите од вашето тело, но при тоа, за жал, страдаат и некои од „добрите“ бактерии во цревата заедно со лошите. Бидејќи S. boulardii е базиран на квасница, тој не е цел на дејството на антибиотиците. Ова значи дека пробиотикот S. boulardii ги преживува антибиотиците и продолжува да ја поттикнува здравата цревна флора, дури и ако се зема истовремено со антибиотици. Докажано дека само Saccharomyces boulardii CNCM I-745 е отпорен на 16 од најчестите орални антибиотици - посебна предност што помага во заштитата и обновувањето на дигестивната рамнотежа кога имунолошкиот систем е нападнат.
3. Ја преживува ниската pH-средина во желудникот
Факт е дека желудникот е сурова средина и многу пробиотици базирани на бактерии не ја преживуваат ниската pH-средина во него. Ова значи дека некои состојки или додатоци на пробиотици може да бидат помалку ефикасни отколку што мислиме. S. boulardii може да ги издржи желудочната киселина, жолчката и соковите од панкреасот кои се активно влучени во процесот на дигестија. Значи, овој тип пробиотик може да стигне до дебелото црево во активна состојба, помагајќи ја рамнотежата меѓу цревните бактерии и при тоа ја промовира здравата цревна флора низ дигестивниот систем.

4. Привремено ги колонизира цревата
За максимално здравје и функција на дигестивниот систем секогаш сакаме урамнотежена цревна микробиота - систем на бактерии, квасници, габи и други микроорганизми кои играат голема улога во здравјето на цревата и целокупното здравје. Целта на пробиотиците е да помогнат во обновувањето и одржувањето на средина што го фаворизира растот на нормалната цревна микробиота, што, пак, има позитивен ефект врз дигестивниот и имунолошкиот систем. За разлика од пробиотиците базирани на бактерии, S. boulardii не ги колонизира трајно цревата - туку помага во обновувањето на рамнотежата на цревната микробиота со исфрлање на штетните бактерии за да се направи простор за размножување на добрите бактерии.

5. Помага при варење и апсорпција на хранливи материи
S. boulardii помага во заштитата на цревната бариера од штетни бактерии и го зголемува производството на дигестивни ензими, кои помагаат во разградувањето на шеќерите од исхраната. Ова дејство ја подобрува апсорпцијата на вода и хранливи материи во тенкото црево, така што може да се добијат повеќе нутриенси и хидратација од храната што се внесува. Всушност, Saccharomyces boulardii CNCM I-745 исто така ги зголемува нивоата на масни киселини со краток синџир што вашето тело ги претпочита за енергија за 60%, така што промовира и зголемување на енергијата.

Скопје, 20.1.2025
Проф. д-р В. Андреевски
ЈЗУ УК за гастроентерохепатологија

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>