1. Вежбаат со радост
Препораката е да вежбате 4-5 пати неделно, можете да правите различни вежби: јога, дигање тегови, трчање, пливање, фитнес.
Бидете секогаш спремни за вежбање затоа што вежбањето прави да се чувствувате добро. Исто така, треба да ги менувате своите вежби. Слушајте го вашето тело, одморете кога ќе почувствувате потреба за тоа.
Ако не сте мотивирани да вежбате и мислите дека тоа е нешто што „морате да го направите“ место нешто што сакате да го направите за себе - експериментирајте! Пробајте различни видови вежби и откријте во што уживате! Потоа направете си распоред за вежбање и променете ги вежбите штом ќе ви здосадеат. Ниту еден план за вежбање нема да функционира засекогаш, затоа треба да се приспособувате и да го адаптирате на вашето тело.
2.Бидете активни надвор од вежбалницата
На жените кои секогаш остануваат во форма не им е проблем да прават 10.000 чекори секој ден... Тие едноставно одат, бидејќи тоа за нив е природно да го прават.
Значи, ако сакате да останете фит можете едноставно да пешачите. Може да го прошетате вашето куче, градинарството или чистењето на вашиот дом, што и да е природно, не одложувајте го, само направете го тоа денес.
3.Експериментирајте во кујната забавувајќи се
Секој ден одвојте време за подготовка на вашите оброци и готвење. Речиси сè можете да подготвите за 30 минути и да ви остане дел и за следниот ден. Откако ќе научите како да ги комбинирате вкусовите, процесот ќе ви се допадне многу
повеќе и навистина ќе сакате да го правите тоа. Тоа е како медитација. И направете да ви биде
пријатно - слушајте музика, поткаст, аудиокнига или гледајте ги омилените видеа на „Јутјуб“!
4.Одморајте
Тоа е точно! Одморот е исклучително важен кога се обидувате да дефинирате мускули.
Испланирајте однапред неколку денови одмор од вежбање.
Можете да одите во вежбалница еднаш или двапати неделно или да тренирате дома, и тоа ќе направи разлика.
Мора да почнете од некаде, треба да го слушате вашето тело и да се одморите кога ви треба одмор!
5.Направете го својот живот интересен
Оваа навика е толку потценета! Кога вежбате и го правите вашиот живот повозбудлив на дневна или неделна основа, престанувате да се опседнувате со работи што ги немате во моментов, туку сте концентрирани само на вежбањето и не мислите на ништо друго. Давајте сè од себе секој ден, бидејќи тоа прави да се чувствувате добро.
Затоа, планирајте нешто забавно оваа недела. Нешто кое долго време сакавте да го направите, но никогаш не најдовте храброст и го одложувавте.
- За детално читање на овој текст, погледнете на 26 стр. во електронското издание на BETTY магазин (Мај 2024).