Фармацевти
Контакт

<< Назад

7 најдобри пробиотични „бактерии“ – Како да одбереме пробиотик со бактерии кои се за нашата потреба?

април 24, 2023



Знаеме дека пробиотиците ни помагаат во борбата со гастроиненсивниот тракт, подигнување на имунитетот но и во справување со одедени состојби. Како да пронајдеме висококвалитетен додаток што делува и работи за повеќето луѓе, кои се нивните придобивки и кои се најдобрите 7 пробиотични штамови за целокупното здравје разговаравме со Магистер по фармација, специјалист токсиколог Сузана Петровска.

Lactobacillus acidophilus - едно од најдобрите пробиотични штамови од видот на Lactobacillus. Оваа бактерија главно ги колонизира тенките црева, каде што го обложува цревниот ѕид, со што овозможува правилна апсорпција на хранливи материи и одржува здрава целокупна функција на дигестивниот систем. Го намалува растот на патогени бактерии и произведува витамин К.

Lactobacillus bulgaricus - ја одржува чистотата и рамнотежата на тенкото црево и помага во зајакну- вањето на имунитетот.

Lactobacillus rhamnosus - Се смета дека овој пробиотичен штам е меѓу најдобрите пробиотични штамови од видот на Lactobacillus за вагинално здравје, бидејќи може да го преживее поминувањето низ гастроинтестиналниот тракт. Студиите покажаа дека L. rhamnosus може да помогне во подобрување на вагиналното и уринарното здравје и да се намали вагиналната иритација.

Bifidobacterium bifidum - Ова пробиотски штам е меѓу првите што се најде во цревата на бебињата и продолжува во текот на целиот животот да биде една од најголемите групи на добри бактерии кои се наоѓаат во големото црево. (Може да се најде и во тенкото црево.) Покрај тоа што помага да се промовира бактериска рамнотежа, го спречува растот на несакани бактерии, габи, така што природно се прилепува кон цревната лигавица подобро од другите бактериски штамови.

Bifidobacterium longum - Дигестивните придобивки на B. longum произлегуваат од неговата способност да ги разложува јаглехидратите и да ги пронаоѓа и неутрализира
дневните токсини што им штетат на цревата. Прелиминарните студии покажуваат дека антиоксидантните својства на вирусот можат да ги отстранат металните јони -  особено бакарот - и да бараат слободни радикали. Исто така, го одржува имунитетот, особено кај постарите лица.

Bifidobacterium infantis - олеснување при воспалените процеси, се сврзува со сè – од болка и кардиоваскуларни заболувања до карциноми.

Streptococcus thermophilus - го забрзува распаѓањето на лактозата.

Одличната комбинација на пробиотичните штеми во Lactoflor BioPlus и Kids ги дополнуваат и природните пребиотични - влакна (инулин) олигофруктоза, кои обезбедуваат корисен ефект врз активноста на корисни бактерии и помагаат да се зголеми нивниот број до 10 пати. Тие помагаат во прочистување и детоксикација на телото.

Производите од Lactoflor Bio Plus не содржат додадени конзерванси, бои, засладувачи и ГМО. Повеќе за самите производи Lactoflor можете да прочитате на http://www.kendy.mk/kendy-blog/. Истите можете да ги набавите во сите подобро снабдени аптеки низ државата.

За детално читање на овој текст, погледнете на 24-25 стр. во електронското издание на BETTY магазин (Април 2023).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>