Фармацевти
Контакт

<< Назад

Хируршки подвиг!

април 1, 2019

Тим составен од британски и белгиски лекари во Лондон извел вистинско чудо на модерната медицина. Тие ја оперирале 26-годишната Бетани Симсон, која би требало да се породи во април, поточно кажано, го оперирале нејзиното неродено бебе. Кај бебето е установена дијагноза тежок облик на спина бифида, пореметување во развојот на ’рбетниот мозок. Во над 80 % од случаите кај ваквата дијагноза се советува прекин на бременоста. Меѓутоа, тимот од хирурзи упеал да го оперира бебето и по интервенцијата да го врати во матката, каде ќе продолжи да се развива до породувањето. Ова е четврти случај на изведување ваква операција во Велика Британија. Комплицираната хируршка процедура првобитно е развиена во Белгија, а лекарите се надеваат дека во иднина ќе можат да помогнат на поголем број бебиња со ваква тешка дијагноза.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>