Потешко отколку што изгледа, позабавно отколку што мислите
Сè поголемата планетарна популарност на овој спорт не стигна незаслужено.
Автор: Марко Симиќ
Во изминатите неколку години веројатно сте имале прилика на некои од своите омилени излетнички места да сретнете луѓе кои одат со стапови во рацете. Притоа не мислиме на стап како ортопедско помагало, туку на стапови кои со својот изглед најмногу потсетуваат на оние кои ги користат скијачите. И самите движења на овие одачи потсетуваат на скијачко трчање, а тоа не нè чуди со оглед на тоа дека оваа спортска дисциплина, всушност, е развиена како вид летен тренинг за скијачи.
Опрема
Една од главните предности на овој спорт е едноставноста на неопходната опрема. Удобната спортска облека е приспособена на надворешната температура, еден пар удобни и издржливи патики за outdoor активности и еден пар стапови. Овде мораме да нагласиме дека би требало стаповите да бидат наменети токму за оваа активност. Развојот на овој дел од опремата почнал кон крајот на осумдесеттите, а еден од поголемите произведувачи прв го измислил терминот нордиско одење. Стаповите може да бидат телескопски (имаат можност за нагодување) или од едно парче.
Кој сè може да вежба?
Нордиското одење е навистина достапно на сите, без разлика на полот, возраста и физичката кондиција. За разлика од трчањето, овде во секој момент едната нога е на тлото, па се елиминира оптоварувањето на зглобовите при доскок. Покрај сето тоа, за разлика од обичното одење, се активираат и мускулите на горниот дел од телото. На постарите вежбачи и реконвалесценти обично им се советува одење по рамни терени, додека на понапредните одачи единствена препрека им е моменталното ниво на кондиција. Секако, секој би требало да се консултира со својот лекар пред почетокот на вежбањето.
Предности и помош при слабеење
Користењето стапови за 30 % ја намалува оптовареноста која ја трпат нозете и карлицата (посебно значајно за сите кои имаат зголемена телесна тежина), а се активираат дури 90 % од мускулите на целото тело. За време на просечен тренинг (од 45 минути до еден час) вежбачот троши од 400 до 800 калории.
ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР
Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци