Фармацевти
Контакт

<< Назад

УРИНАРНИ ИНФЕКЦИИ

април 1, 2019

 Превентива и третман со пробиотици и Д-маноза

Уринарните инфекции се манифестираат како воспаление на: уретрата (уретритис), мочниот меур (циститис) и на бубрегот (пиелонефритис)

 

м-р по фармација

автор: Соња Пецевска

На секој човек во одрeден период од животот може да му се случи појава на уринарна инфекција, а одредени состојби и болести како дијабетес, мултипла склероза и Паркинсонова болест може да бидат ризик-фактори за појава на вакви инфекции. Најчест предизвикувач на уринарни инфекции е бактеријата Escherichia coli, која живее во гастроинтестиналниот тракт. Други бактерии кои  предизвикуваат инфекција се стафилококи, протеус, клебсиела, ентерокок и псеудомонас. Одредени инфекции на мочниот меур може да бидат поврзани и со предизвикувачите на сексуално преносливи болести ‒ хламидија и микоплазма.

Уринарните инфекции на мочните канали и  на мочниот меур се непријатна и болна појава која многу почесто ги засега жените. Ако циститисот не се лекува соодветно Е.coli преку мочоводот може стигне до бубрегот и да предизвика воспаление на бубрезите (пиелонефритис). Се смета дека секоја петта жена се соочува со уринарна инфекција во одреден период од својот живот. Главната причина за тоа е женската анатомија, односно малото растојание помеѓу аналниот отвор и уретрата, кое го олеснува преминувањето на бактерии (најчесто Escherichia coli) кон уринарниот тракт. Исто така, кај жените мочниот канал е многу пократок за разлика од мажите.

Симптоми

Најчести симптоми на инфекција на мочните канали се:

 

Симптоми кај деца 

Симптомите на уринарна инфекција кај децата се слични:

 

 

Превенцијата е од клучно значење

Со оглед на тоа што рецидивот на уринарните инфекции е честа појава, а нивниот несоодветен третман може да предизвика сериозни компликации на уринарниот систем, превенцијата е од клучно значење и за децата и за возрасните. Добрата вест е што тоа можеме да го направиме со потполно природни препарати и честопати да ги избегнеме антибиотиците.

Антрфиле

Д-манозаброј 1 природен агенс во третманот на уринарни инфекции

Д-маноза е едноставна молекула на шеќер што се среќава во растенија како што се боровинки, брусници, праски, портокали и јаболка, и кој 30 години се користи како природен препарат за отстранување на E.coli од уринарниот тракт. Токму благодарение на Д-манозата, брусницата е ефикасна во лекување уринарни инфекции. Оваа состојка сега е извлечена од растенијата и во доза од 2 грама (во додатокот во исхрана UriRoyal) е доволна  со бактериите E. coli  да формира коагрегати кои потоа се ослободуваат од телото со мокрење. Ефектот на Д-маноза е 10-50 пати посилен од сокот од брусница. Д-манозата е апсолутно безопасна и може да ја користат бремените жени, децата и дијабетичарите. Овој ефект уште повеќе се засилува и се надополнува со пробиотската габа Saccharomyces boulardii. Таа директно го инхибира растот на патогените и ја зголемува концентрацијата на IgA (противвоспалително дејство). Таа има леплива надворешна обвивка на која се прикачуваат E. coli бактериите и на тој начин помага да се отстранат од телото. Со неутрализирање на E. coli во цревата, ја намалува популацијата на таа бактерија во телото и го спречува нејзиното ширење во уринарниот тракт. Препорачана доза на Д-маноза е 2 г на ден да се испие со чаша вода, најмалку седум дена едноподруго.

 

 

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>