Фармацевти
Контакт

<< Назад

ПРЕЧУВСТВИТЕЛНОСТ НА ИМУНОЛОШКИОТ СИСТЕМ

мај 1, 2019

Алергија и алергиски реакции

 

Најчестите алергиски заболувања кои се јавуваат кај популацијата се алергиски ринитис и атопичен дерматитис.

 

Алергијата е пречувствителност на имунолошкиот систем, а алергиските реакции се јавуваат кога имунолошкиот систем реагира на нормално безопасни супстанции од животната средина. Алергијата резултира со воспалителен одговор кој може да се движи од непријатен до опасен, при што доаѓа до ослободување хистамин и други воспалителни хемиски медијатори кои предизвикуваат неколку системски ефекти, како што се: вазодилатација, мукозна секреција, нервна стимулација и контракција на мазни мускули. Симптомите од алегијата може да се прошират низ целиот организам (класична анафилакса) или да бидат локализирани на одредени системи (на пример, астма локализирана на респираторниот систем, егзема локализирана на дермисот, конјунктивитис локализиран на очите).

 

Алергиски ринитис

Алергискиот ринитис претставува воспалителна болест на носните мукозни мембрани и се карактеризира со следните симптоми: течење на секрет од носот, затнатост и чешање на носот, како и зачестено кивање. Алергискиот ринитис се јавува кај сите возрасни популации, а зачестеноста е сè поголема во последните декади со оглед на загадувањето на воздухот. Најчестите алергени кои предизвикуваат алергиски ринитис се инхалаторни, како што се: полен од трева, дрвја, цвеќиња, домашен прав, како и влакна од миленичиња. Истите се застапени во текот на целата година.

 

Атопичен дерматитис

Атопичен дерматитис (АД, ендогена егзема) е хронична, рекурентна и воспалителна болест на кожата, која е често фамилијарна. Оваа состојба често е поврзана со прекумерно чешање, како и посебна слика за кожни лезии карактеристични за дадената возраст. Што се однесува до бебињата, првите егзематозни лезии може да се видат на образите. Во текот на раното детство и во подоцнежна возраст лезиите на кожата имаат тенденција да го покриваат задниот дел на вратот, дорзалната површина на екстремитетите, заедно со флексорната површина на зглобовите.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>