Францускиот производител на автомобили Бугати на овогодишниот саем во Женева го претставил автомобилот посветен на легендарниот модел Type 57 SC Atlantic. Модерната верзија на еден од најубавите автомобили во историјата на оваа индустрија е направена од јаглеродни влакна. Посебно внимание е посветено на аеродинамичноста. Рачно работената каросерија е обоена во црно, што влијаело и на називот на автомобилот Bugatti La Voiture Noire (црн автомобил). За погон е употребен моторот 8.0 W16 Quad turbo, со сила од 1 500ks (1 103kW) и 1 600Nm максимален вртежен момент (спецификациите не се разликуваат од моделите Chiron и Divo). Автомобилот е продаден уште пред саемот, а достигнал цена од 16,7 милиони евра, што го прави најскап автомобил на денешнината.
ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР
Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци