Фармацевти
Контакт

<< Назад

БРЕМЕНОСТ И ПАТУВАЊЕ

јуни 1, 2019

Безбедно, удобно, пријатно

 

Патување во текот на бременоста не е невообичаена појава, всушност, не постојат причини поради кои здравата трудница би се откажала од одење на одмор доколку се придржува до советите од својот лекар.

 

Автор: Владимир Пантиќ

 

Доколку бременоста се одвива со нормален тек и трудницата нема здравствени проблеми, нема причини поради кои не би можела да патува. Секако, пред донесување на оваа одлука неопходно е да се консултира со гинекологот кој ја следи бременоста.

 

Контраиндицирани состојби

Доколку постои ризик од труднички дијабетес, хипертензија или спонтан абортус, на трудницата ќе ѝ се советува да не тргнува на пат. Знаци на предупредување се болка во стомакот, крвавење, промени во движењето на бебето, главоболки, контракции, покачена температура, пречки во видното поле, како и сите останати симптоми кои отстапуваат од нормалната здравствена состојба.

Во кое тромесечје е најудобно да се патува?

 

Искуството зборува дека периодот помеѓу 14 и 28 недела од бременоста е најпогоден за патување. Пред одење неопходна е консултација со лекар, за да се отстранат евентуалните опасности од предвремено породување.

 

Кое превозно средство да се избере?

Трудницата не би требало да помине повеќе од шест часа во возење во текот на еден ден. Врзувањето со сигурносен појас е задолжително. Возот овозможува повеќе простор во однос на автобусот, авионот нуди погодност за брзо стигнување на саканата дестинација, а пред тргнување на пат задолжително распрашајте се за правилата на компанијата преку која планирате да летате.

 

Што задолжително да се понесе на пат?

Со себе понесете ги најновите лекарски извештаи кои ги имате, со информации за својата крвна група. Задолжително земете осигурување кое ги покрива сите ситуации во кои можете да се најдете додека сте на пат. За содржината на патната аптека консултирајте се со својот фармацевт.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>