Фармацевти
Контакт

<< Назад

КАКО ДА СЕ ЗАБРЗА МЕТАБОЛИЗМОТ

јуни 1, 2019

Исхраната како помош во решавање проблеми

 

Не постои волшебно стапче кое ќе го забрза вашиот метаболизам, но постои низа од здравствени навики со чија помош можете тоа да го направите.

 

Автор Билјана Божовиќ

 

Правилната и урамнотежена исхрана, во комбинација со останатите здрави навики, како што се: редовно умерено вежбање, редовен внес на течности и доволно сон, доведува до оптимални услови за одвивање на процесите на метаболизмот. Доколку таа рамнотежа се поремети, негативните ефекти најчесто прво се изразуваат како дебелина, бидејќи организмот почнува да ги складира масните наслаги. Во прашање се многу сложени процеси, па, секако, пред промена на досегашниот режим на исхрана би требало да се консултирате со својот лекар.

 

Витамините и минералите како сојузници

Витамините од Б-комплекс придонесуваат за ефикасно претворање на мастите, протеините и јаглехидратите во енергија. Ги има во плодовите на морето и немасното месо, интегралните житни растенија, бананите, јаболката, грозјето, јаткастите плодови, компирот, спанаќот и тиквата. Лицата кои не јадат намирници од животинско потекло мора да ги надоместат дневните потреби за витамин Б12 со додатоци на исхраната.

Витаминот Д, поради своето учество во регулирање на нивоата на шеќер во крвта, според новите истражувања, е поврзан со обемот на половината. Покрај контролираното изложување на сончева светлина, можеме да му го обезбедиме на организмот и со консумирање лосос, сардини и жолчки.

Недостигот од железо доведува до послаба снабденост на мускулите со кислород, што за последица има забавување на процесот на согорување хранливи материи во енергија. Затоа менито би требало да се збогати со кафеав ориз и темнозелен лиснат зеленчук.

Магнезиумот игра важна улога во метаболистичките процеси, а можеме да го најдеме во јаткастите плодови, мешунките, интегралните житни растенија, бананите, семките од тиква и во спанаќот.

 

Овошјето и зеленчукот како задолжителен дел од менито

Брокулите се ризница од хранливи состојки и влакна, па од голема корист ќе ви бидат во борбата за повитка линија. Рамо до рамо со нив стојат и краставицата и спанаќот, а интересно е дека и лукот игра улога во забрзаното согорување масни наслаги. Зачинските билки, како босилек и оригано, исто така, придонесуваат за забрзување на метаболизмот. Сличен ефект имаат и циметот и ѓумбирот. Грејпфрутот и ананасот, исто така, се докажани борци против масните наслаги.

 

Што уште помага?

Редовната хидратација на организмот е важна за воспоставување нормален метаболистички ритам. Зелениот чај и лимонот, исто така, се корисни, како и семе од чија, морските алги и плодовите од асаи палма. Она што е сигурно е дека само комбинацијата на здрави животни навики дава вистински резултати.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>