Фармацевти
Контакт

<< Назад

ПРОБЛЕМИ СО ТУРИСТИТЕ ВО ЈАПОНИЈА

јуни 1, 2019

Како една од најгусто населените земји во светот, Јапонија се соочува со проблемот кој носи популарност кај одредени туристички дестинации во оваа островска земја. Посебно се погодени градовите Кјото и Камакура, кои во текот на пролетната сезона на цветање на црешите имаат голем прилив на посетители кои го пореметуваат вообичаениот ритам на локалниот живот. Во некои храмови е забележано и недолично однесување на посетителите кои се капеле во водопадите предвидени само за свештенството, се качувале на покриви за да направат селфи и пуштале гласна музика. Јапонците дури вовеле и термин туристичко загадување, со кое ги опфаќаат сите несакани последици од прекумерната посетеност на одредени локации. Во пресрет на летните Олимписки игри, 2020 година, кои ќе се одржат во Токио, јапонските официјални претставници покренале кампања која ги промовира помалку познатите места кои би можеле да им бидат интересни на туристите.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>