Фармацевти
Контакт

<< Назад

ЈАКНЕЊЕ НА МУСКУЛИТЕ ВО ВОДА

јули 1, 2019

Ефикасно и забавно

Доколку имате прилика во текот на летните месеци да се капете во река, море, езеро или базен, задолжително искористете ги тие моменти за затегнување на целокупната мускулатура.

Автор Марко Симиќ

Вежбањето во вода има голема предност над вежбањето на суво поради силата на потисок со која водата дејствува на телата нурнати во неа. Ова е од посебно големо значење за сите кои имаат проблеми со лигаментите, ’рбетот и зглобовите, со оглед на тоа дека овие делови од телото се растоварени во текот на вежбањето во вода. Затоа овој вид вежбање често се препорачува на постари лица, реконвалесценти и трудници.

Пред секое почнување со вежбање неопходно е да се консултирате со својот лекар за да го одредите нивото на оптоварување кое смеете да го примените. Во договор со својот фармацевт исхраната можете да ја дополните со соодветни додатоци.

Едноставни, а корисни вежби
Одредете ја длабочината која ви годи и едноставно шетајте се со ритамот кој ви овозможува тоа да го правите во наредните десетина минути. Ако сте веќе во добра форма, тогаш прошетката можете да ја замените со брзо одење, додека оние најподготвените може да се обидат и во трчање. Покрај мускулите на нозете, оваа вежба ги активира и сите останати групи мускули.
Нозете можете да ги јакнете и правејќи скокови во вда. Позитивен ефект има и имитирање на возење велосипед додека со помош на рацете се одржувате на површината. Грбното пливање без употреба на рацете, исто така, максимално ги активира мускулите на нозете.
Пливањето со класични стилови ги затегнува сите мускули и им дава убав вретенест изглед. Стомачните мускули ги јакнеме лежејќи на грб на површината на водата, со наизменично подигање на едната па на другата испружена нога, над површината на водата. Додека лежиме во плитко на грб, можеме да ги испружиме и да ги подигнеме двете нозе паралелно од тлото и да правиме т.н. ножички.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>