Иако можеби ги нема сите чудотворни особини кои му ги припишуваат, рибиното масло сè уште високо котира во светот на додатоците на исхраната.
Автор Јасна Петровиќ
Рибиното масло е богат извор на омега 3 масни киселини и тоа е една од најбитните причини за неговата голема популарност. Овие соединенија го спречуваат настанокот и развојот на воспалителни процеси, исто така, влијаат и на нивно смирување. Позитивно дејство покажуваат и кај регулација на метаболистичките процеси, а ја подобруваат и работата на системот за варење. Омега 3 масните киселини влијаат на зачувување на јачината на коските и мускулната маса, како и на здравјето на кардиоваскуларниот систем и кожата. Правени се студии кои покажале дека трудниците кои во последниот триместар земаат рибино масло раѓаат деца кои се помалку склони за развој на астма. Високи дози на омега 3 масни киселини покажуваат добар ефект во првите месеци по срцев удар. Тие помагаат во одржување нормален имунолошки одговор на организмот, што е од големо значење во услови на зголемена загаденост на животната средина во урбано опкружување. Недостиг од овие супстанции во исхраната се поврзува со процесите на стареење и деградација на нервниот систем, со самото тоа и на менталните способности.
Најдобар начин за внес на омега 3 масни киселини во организмот е преку исхрана со риба и морски плодови. Дополнителен внес е можно да се обезбеди преку додатоци на исхраната, но за тоа задолжително прво морате да се консултирате со својот лекар и фармацевт.
Можни нуспојави
Кај лица чувствителни на рибино масло можна е појава на проблеми со варењето, намален апетит и мачнини. Внимание при употреба се советува и кај проблеми со цревата и црниот дроб, како и кај пореметен хормонален статус.
Употребата на препарати произведени од страна на проверени компании ја елиминира опасноста од присуство на тешки метали и останати токсини на кои се изложени рибите во своите природни живеалишта. За совет околу изборот на препарат обратете се кај својот фармацевт.
ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР
Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци