Фармацевти
Контакт

<< Назад

ПРОБИОТИЦИ

август 3, 2019

Задолжителен дел од патната аптека

Сè поголем е бројот на докази за позитивното влијание на пробиотиците на целокупното здравје, имунитетот, лекувањето и превенцијата на различни како гастроентеролошки, така и вонгастроентеролошки пореметувања.

Автор асс. д-р Владимир Миливојевиќ

Пробитикот се дефинира како култура на микроби која во контролирани студии покажува добробит за човековото здравје и во себе содржи: дефинирани видови, жив број на микроби и има докажана безбедност и ефикасност. Важно е да се напомене дека живите култури во ферментираната храна не се пробиотици, бидејќи не ги исполнуваат сите критериуми и не може да служат со цел лекување болести.

Често локалните намирници содржат дозволени концентрации на микроорганизми кои се вообичаени за тоа подрачје, на кои локалните жители се отпорни, но кај туристите можат да создадат многубројни проблеми. Во летниот период чести се и акутните цревни инфекции проследени со пролив, понекогаш со мачнина, повраќање и покачена температура. Овие инфекции траат од неколку часа до неколку денови, а посебно се непријатни на патување и може да ни го расипат годишниот одмор.
Врз основа на релевантни студии постојат докази кои ја покажуваат ефикасноста на пробиотиците во следните клинички ситуации:
Инфективен гастроентеритис/патнички проливи
Акутните проливи кај возрасните и децата главно се предизвикани од различни вирусни и бактериски предизвикувачи. Повеќето болни треба само потпорно да се лекуваат. Пожелно е мирување во кревет и адекватна рехидратација. Дури и во случаи на повраќања, болниот треба често да зема помали количини течности, бидејќи повраќањето може да престане со надомест на течности. Децата можат побргу да дехидрираат, па затоа потребна е брза рехидратација со адекватни раствори. Од пробиотиците целосно безбедно и со значајно ниво на докази дека се корисни, може да се користат Lactobacilli (LGG и paracasei) и Sacharomyces boulardi. Во контекст на патничките проливи, адекватна се покажала употребата на локалниот антибиотик рифаксимин, кој е ефикасен во превенција и лекување патничка дијареја.

Колитиси и клостридијална инфекција предизвикани од антибиотик
За лекување антибиотски предизвикани проливи се препорачуваат пробиотици кои во својот состав имаат Lactobacillus casei, Lactobacillus bulgaricus, Sacharomyces boulardi и Streptococcus thermophilus со доволен број соеви во секоја доза пробиотик.

Превенција на клостридијална инфекција
Клостридијалната инфекција е сериозна состојба која може значително да го наруши квалитетот на живот, а кај болните со здружени болести може да има навистина драматичен и загрозувачки тек, затоа е неопходна превенција кај болни кои претходно се лекувани поради клостридијална инфекција. За превенција се користат пробиотици кои во себе ја содржат пробиотската габичка Sacharomyces boulardi.

Лекување Helicobacter pylori инфекции
Helicobacter pylori е бактерија одговорна за појавата на гастритис. Долготрајната изложеност на инфекција со Helicobacter pylori може да доведе до напреднати оштетувања на слузницата, атрофија на слузницата, појава на интерстинална метаплазија, желудочна дисплазија и аденокарцином на желудник. Поради сето тоа, од страна на Светската здравствена организација Helicobacter pylori е прогласена за карциноген од прв ред и е препорачано активно лекување на инфекцијата во секој случај кога ќе се докаже. Антибиотските режими се засновани на истовремено давање два или три антибиотици, а според европскиот протокол е препорачано давање пробиотик во смисла заштита од несакано дејство на антибиотикот. Препорачани пробиотици се Lactobacillus reuteri, Lactobacilli (Rhamnosus LGG) и Sacharomyces boulardi.

Иритабилен цревен синдром (ИЦС, иритабилен колон)
ИЦС е хронична болест која ја карактеризира болка или непријатност во стомакот придружена со подуеност, подждригнување, запек или пролив. 7 ‒ 21 % од луѓето боледуваат од ИЦС со поголема зачестеност кај жените. Точниот предизвикувач е непознат, но постојат неколку теории: промена во моталитетот на цревата, инфекции, цревна дисбиоза, стрес, чувствителност на одредени намирници во храната. Се покажало дека пробиотиците може да бидат делотворни во намалување на тегоби кај оваа група болни. Постојат докази за учинокот на: Streptococcus thermophilus, Lactobacillus bulgaricus, Bifidobacterium longum, Bifidobacterium infantis 35624, Lactobacillus plantarum, Lactobacillus lactis и пробиотик кој во себе содржи 9 соја и комбинација од овие бактерии-VSL#3.

Инфламаторна болест на цревата (ИБЦ/ИБД, Кронова болест и улцерозен колитис)
Хроничните воспаленија на цревата се болести во чиј настанок игра улога неадекватниот имунолошки одговор со влијание на комплексни интеракции на генски, средински и фактори на цревните микробиоти. Покрај други тераписки опции, постојат докази за значењето на терапијата со пробиотици. Пробиотици кои се користат за лекување се: Escherichia coli-Nissle 1917 (не е регистриран во балканските земји), VSL#3, Sacharomyces buolardi.

Масен црн дроб и неалкохолен стеатохепатитис (NAFLD/NASH)
Метаболистичкиот синдром и неадекватниот начин на живот, лошите навики во исхраната, како и сè поголемата зачестеност на дебелината и придружни метаболистички болести, се одразуваат на појавата на состојби како што се масен црн дроб (NAFLD) и стеатозен неалкохолен хепатитис (NASH). Студиите покажуваат дека пробиотиците може да бидат значајни во лекување на оваа состојба, особено VSL#3 и различни пребиотици.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>