Фармацевти
Контакт

<< Назад

ПОДАРОЦИ

септември 1, 2019

Спакувани со стил

 

Давањето личен печат на пакувањето подароци не е тешко, доволни се малку труд и многу фантазија.

 

Автор Светлана Сушиќ

 

Кога некого сакаме да го израдуваме, тогаш му даваме подарок. Вредноста на подарокот не е содржана во количината на пари потрошена за него, туку во искрената желба некому да му дадеме нешто. Се разбира, доколку подарокот го даваме на вистинската личност, нема потреба за вакви објаснувања. Меѓутоа, без оглед на тоа дали е во прашање златен ѓердан или обично чоколадо, дополнителна вредност на подарокот секогаш му го дава трудот вложен во неговото пакување. За ваков потфат најважно е да бидете способни да го искористите она што ви е на располагање во дадениот момент. Тоа значи дека ако немате посебно дизајнирана хартија за виткање на подарокот, ќе послужи и обична хартија за пакети, или наједноставна креп хартија во боја. Можете да се послужите и со ткаенини во разни видови, стари весници или што било друго што го сметате за погодно. Можностите се исцрпуваат тогаш кога вашата фантазија ќе престане да се поигрува.

 

Како да почнете?

За почеток, соберете го на едно место материјалот со кој располагате. Од алат најчесто доволни се ножички и леплива лента, но не е на одмет ако имате и скалпел и пиштол за лепење, иако сосема убаво може да се работи и без нив. Хартиен коноп во боја е убав детаљ, но работата ја завршува и еден обичен коноп или малку подебела волница.

 

Што ако подарокот нема своја кутија?

Земете картонска ролна, кутија од кекс, или што било што ви е при рака, а може да послужи (во смисла дека е доволно цврсто и дека подарокот ќе може да го собере). Во вакви случаи најзгодно е да се облепи кутијата со хартија за пакување, со оглед на тоа дека е доволно тамам па нема да се види она што е отпечатено на кутијата, како ни траги од лепилото.

 

Замотување и украсување

При замотување на подарок важно е трпението и педантноста. Брзањето доведува до несакани резултати, затоа би требало да го правите на време, не пред излегување од дома. Би требало лепливата лента да биде исечкана на помали парчиња и залепена за работ на масата, така што по потреба можете да земате едно по едно парче и да ја фиксирате хартијата кога ќе бидете задоволни со нејзината позиција. Краевите од подарокот најлесно се обликуваат така што ќе личат на начинот на пакување бонбони и потоа замотани со коноп. На крај на запакуваниот подарок додаваме некој украс. Тоа може да биде пластична играчка, или вистински цвет, свеж или исушен. Наш омилен материјал, покрај хартија за пакување, и е платно од јута, кое многу убаво се комбинира со ленти од тантела. Во малку вежба, секој ваш подарок ќе биде единствено уметничко дело.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>