Фармацевти
Контакт

<< Назад

ДИЈАБЕТЕС

октомври 1, 2019

Правилна исхрана за подобро здравје

 

Во лекувањето на шеќерната болест во голема мера помагаат едукациите, самоследењето, правилната исхрана и физичката активност.

 

Автор Лејла Мујовиќ

Дијабетес, т.е. шеќерна болест, како збир на метаболистички пореметувања, означува хипергликемија, односно покачено ниво на глукоза во крвта. Ова заболување настанува како последица на пореметување во дејството на инсулинот. Доколку организмот не произведува доволно инсулин, се работи за дијабетес тип 1. Друг облик на дијабетес е дијабетес тип 2, кој настанува поради слабо реагирање на клетките на инсулин. Негова најчеста причина е дебелината.

Диета за дијабетичари

Оптималната избалансирана исхрана и дисциплината, покрај медикаментите, се едни од основните начела за одржување нормално ниво на шеќер во крвта. Диетата на дијабетичарите се состои од редовни оброци, кои е најдобро да се јадат во исто време, со битна напомена дека бројот на оброци не смее да биде помал од три дневно. Со нездрава исхрана, која се состои од заситени масти и дополнителни калории, како исход добиваме несакан пораст на глукозата во крвта. Советуваме оброците да ги подготвувате сами, а во овој број ќе ви дадеме насоки за изборот на намирници.

Бирајте посни видови месо, како што се пилешко, телешко, риба. Подготовката на оваа храна треба да биде со што помалку маснотија, најдобро е да се подготви варена или барена. Јајца би требало да се избегнуваат, дозволено е едно до две јајца неделно.

Домашно подготвените супи и чорби се многу значајни во исхраната, исто така, настојувајте да готвите без маснотија со сите видови зеленчук на ниска температура за да се сочуваат хранливите микронутриенти во намирниците.

Во изборот на млечни производи бидете фокусирани на производи од обрано млеко, јогурт избегнувајте. Со оглед на тоа дека маргаринот содржи незаситени масти, пожелно е да се користи тој отколку путер.

Тестенината е вид намирници кој се избегнува, едно парче ’ржан леб (50 г) со секој оброк е дозволено. Диететските влакна се јаглехидрати и се наоѓаат во целото зрно на житните растенија, овошјето и зеленчукот. Тие се несварливи и немаат никакви калории, но затоа играат извонредна улога во процесот на варење, помагајќи им на органите за варење подобро и побрзо да ја завршат својата работа, а патем помагаат да се намали нивото на холестерол во крвта. Важно е да се контролира внесот на различни јаглехидрати кои ги јадете за да не дојде до развој на симптоми на хипергликемија. Внесот на сол, исто така, треба да биде контролиран и умерен.

Сокови, напитоци и додатоци на исхраната

Умерено консумирање чаеви и кафе е дозволено, со напомена наместо шеќер да употребувате засладувачи. Ви го советуваме природниот засладувач направен од растението Stevia rebaudiana. Алкохол, поради калориите и токсичноста, не е пожелно да се консумира. Природните сокови од цитрусно овошје и зелен зеленчук се богати со влакна и како такви се пожелни во диетата на дијабетичарите.

Додатоците на исхрана кои помагаат во одржување на оптималното ниво на шеќер во крвта се: омега 3 масни киселини, калциум и витамин Д. Можете да ги користите во консултација со лекар и фармацевт. Планирањето здрава исхрана, редовната употреба на терапија и физичките активности ќе им овозможат на пациентите со дијабетес нормален животен стил.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>