Фармацевти
Контакт

<< Назад

ПИЛИНГ

октомври 1, 2019

Здрава и убава кожа

 

Време е за подготовка на вашата кожа за претстојните постудени денови.

 

Автор Весна Марковиќ

По топлите летни месеци пред нас се постудени денови, потопла гардероба и повеќе престој во затворен простор. Како што летната сезона носи бројни благодети, но и штетни влијанија за нашата кожа, така и есента и зимата имаат свои предности и мани. Иако интензитетот на сончево зрачење се намалува, сè уште е потребно да се придржувате кон препораките поврзани со употреба на креми со заштитен фактор, а редовната нега треба да се приспособи на моментните временски услови, состојбата и типот на нашата кожа.

Позитивни ефекти од редовниот пилинг

Под пилинг подразбираме различни техники со чија помош ги отстрануваме изумрените клетки од површинскиот слој на кожата. Оваа процедура има бројни позитивни ефекти за нашата кожа која, да се потсетиме на тој важен детаљ, е наш најголем орган и претставува заштитина бариера помеѓу организмот и штетните надворешни влијанија. Со отстранување на изумрените клетки го спречуваме нивното насобирање и така ѝ овозможуваме на кожата да дише. Истовремено ја олеснуваме елиминацијата на штетни материи од организмот и ја подобруваме циркулацијата, што е посебно важно во борбата против целулитот. Кожата добива подмладен затегнат изглед и сјај. Движењата при процесот на пилинг се слични на оние при масажа, така што оваа активност има и пријатно релаксациско дејство.

Видови пилинг

Според тоа кој вид техника се користи, пилингот го делиме на механички и хемиски. Кај механички пилинг изумрените клетки се отстрануваат со помош на абразивно средство, тоа се најчесто честички од морска сол, пченкарно брашно, талог од кафе, лушпи од ориз и слично. Овие состојки се комбинираат со различни хранливи масла и се применуваат со нежно втривање, по што доаѓа до израз нивното абразивно дејство. Во механички пилинг спаѓа и козметичката процедура дермоабразија, која мора внимателно да се применува за да не нанесе повеќе штета од корист.

Хемискиот пилинг е процедура во текот на која на кожата се нанесуваат различни супстанции, најчесто во прашање се овошни ензими и овошни киселини. Во зависност од тоа која активна состојка е основа на овој третман, како и од нејзината концентрација, оваа постапка може да биде нежна, но може да биде и многу агресивна. При примена на кој било вид пилинг се препорачува консултација со дерматолог.

Мерки на внимание

Со оглед на тоа дека пилингот можеме да го правиме на кожата на целото тело, се подразбира дека чувствителната кожа на лицето мора да има поинаков третман. Кај пилинот главниот принцип е дека помалку е подобро. Далеку попријатно за кожата е да се повторат два нежни пилинга во седум дена, отколку да се направи едно претерано триење кое за последица ќе има црвена, исчистена и изиритирана кожа. Целта е да ѝ се помогне на кожата, а не да се отстрани нејзиниот заштитен слој, затоа е важно да се биде умерен и пилингот да се прави исклучиво во установи кои имаат проверена репутација и докажана стручност. Доколку пилингот го правите во домашни услови, задолжително пред тоа консултирајте се со дерматолог и фармацевт, и ни случајно немојте да го пречекорите пропишаното време за хемиски пилинг. Пилингот ја суши кожата, па по процедурата е потребно да се нанесе хидратантен крем.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>