Експертски тим на научници од Универзитетот Харвард работи на развој на решение за санирање внатрешни повреди на дигестивниот тракт. За разлика од надворешните повреди, кои може да бидат санирани со помош на фластер или завој, ситуацијата се комплицира кога се во прашање внатрешни повреди. Тимот од Харвард работи на развој на гел добиен од бактеријата E. coli. Самата бактерија е изменета, така што не претставува опасност по човековото здравје. Овој пронајдок содржи и микровлакна кои може да придонесат за забрзана реконструкција на повреденото ткиво. Гелот има густина слична на нормалната слуз која ја произведува нашиот организам. Отпорен е на кисела срредина, така што може да ја извршува својата функција внатре во дигестивниот тракт дури неколку денови и така да го забрза процесот на лекување.
ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР
Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци