Фармацевти
Контакт

<< Назад

Редовни прегледи за рано откривање на миоми на матка

декември 1, 2019

асс. д-р Ива Малахова Ѓореска
ЈЗУ Универзитетска Клиника за Гинекологија и Акушерство




|

Доколку за време на менопаузата чувствувате чудна болка ниско во стомакот и невообичаено крварење – време е да го посетите својот лекар.

Миомите претставуваат бенигни тумори на мускулниот слој на матката. Тие не се појавуваат пред пубертетот бидејќи најчесто се појавуваат во репродуктивниот период на жената. Растат под влијание на естрогенот чие ниво опаѓа за време на менопаузата.

Внимавајте на промените

Во однос на знаците кај пациентите со миом, најчесто се забележува неправилно зголемена матка, обилно крварење, продолжена или болна менструација. Може да се јави чувство на притисок во долниот дел на стомакот или зачестена потреба од мокрење. Она што е важно е дека немањето на горенаведените симптоми, не е гаранција за отсуството на миомот. Редовната посета на гинеколог има огромно значење за навремено откривање. Меѓу другото, неправилното и обилно крвање ќе го намали нивото на железо во крвта и може да доведе до анемија.

Големината и локализацијата на миомот може да доведе до притисок на останатите органи, што би предизвикало пречки во работата на цревата. Може да доведе до потешкотии при мокрењето, хидронефроза, односно проширување на бубрезните чашки поради притискање на некој од мочоводите. Притисок може да настане и на некој од поголемите венски крвни садови во малата карлица – што би довело до венска стаза во долните екстремитети.

Покрај останатите симптоми, неплодноста и спонтаните абортуси се исто може да претставуваат симптом при постоење на миоми; особено ако се лоцирани во грлото на матката, веднаш под лигавицата на матката; или на петелката, со што би правеле компресија на јајцеводите.



Која е причината?

Не е позната причината за појава на миомите. Иако нивната појава не е предизвикана од хормонот естроген, истиот тој хормон го поддржува нивниот раст бидејки миомите имаат поголем број на естрегенски рецептори од останатиот слој на матката.

Како да знаете?

Миомите најчесто се дијагностицираат на општ гинеколошки преглед со помош на ултразвук. Покрај тоа, тие може да се детектираат и при преглед под спектрум, вагинален преглед или пак бимануелен преглед. Уште еден метод за дијагностика на миомите е МРИ – магнетна резонанца, RTG - ренген, HSG – хистеросалпингографија и HSC – хистероскопија.

За време на бременост

Бременоста на пациентките со миоми треба да биде следена од страна на матичниот гинеколог бидејќи миомите растат забрзано во вториот и третиот триместар на бременоста. Третирани со токолитична  терапија, осносно терапија за спречување на контракции на матката, бремените жени потребно е да бидат внимателно третирани во породилиштата. Наглиот раст на миомот вон бременост, може да асоцира на неговата малигнизација.

Вашиот доктор го знае соодветното решение

Во зависност од локализацијата, големината на миомот, третманот може да биде различен. Факторите кои влијаат на терапијата зависат и од возраста на пациентот, како и од симптоматологијата и причините.

Со хормонска терапија (медикаментозно) се третираат помалите миоми кај пациентите чија крвна слика има потреба од подобрување пред оперативен зафат, или пак кај пациентите каде оперативниот третман е контраиндициран. Кога станува збор за оперативниот третман, најчесто тоа претставува отстранување на миомите со миомектомија. Доколку станува збор за пациент со завршена репродукција, истите може да бидат отстранети со хистеректомија по вагинален или абдоминален пат, додека во зависност од нивната локализација, некои миоми може да бидат отстранети со лапараскопија или хистероскопија.

Најновата метода која од неодамна стана достапна и во нашата држава и која се смета за доста ефикасна е – емболизација на миомот. Тоа претставува намерно запушување на крвниот сад кој го храни миомот, со што миомот се суши и се намалува. Емболизацијата е интервенција која се изведува со локална анестезија и се работи амбулантски.

Миомите иако се бенигни тумори, бараат точна дијагностика, евалуација и следење. Она што е важно да се знае дека; секоја непредвидена промена или раст на големината може да претставува малигна алтернација.

Иако појавата на миомите не може да се предвиди или спречи, но еве неколку совети кои би имале позитивен ефект за репродуктивното здравје на жената;

Доколку прв пат посетувате гинеколог

Кога мислиме на женското здравје, не треба да мислиме само на репродуктивното или пак на сексуалното здравје, туку треба да земат во предвид сите фактори кои влијаат на менталната и физичка благосостојба на жената.

Според препораките од Американскиот Колеџ на Акушери и Гинеколози, првичниот контакт со гинеколог треба да биде на вораст помеѓу 13-15 години. Содржината и обемот на прегледот зависат од индивидуалните потреби. Сепак, на таа возраст прегледите најчесто се состојат од стручни прашања поврзани со репродуктивното здравје на пациентот и доколку нема конкретни поплаки и проблеми, гинеколошкиот преглед не е задолжителен.

Она што мора да го запомнат младите пациентки, кои од одредени причини се двоумат за првиот преглед, е дека секоја посета на гинеколог не мора да значи дека ќе се соочат со некаков проблем или пак дека се бремени. Затоа, не дозволувајте недоволната информираност или пак стравот од непознатото при самиот чин да ве спречува при редовната контрола на здравјето на вашето тело. Можеби треба да размислите на физичкото присуство на некој од најблиските при посетата на гинеколог, со што ќе се почувствувате посигурни и порелаксирани.

Редовно миење рачиња

Додека детето е мало, лесно е да водите грижа за хигиената на неговите раце бидејќи му треба вашата помош. Проблемот се појавува кога детето ќе порасне и станува независно. Затоа, оваа здрава навика треба да ја стекне од помала возраст.

Миењето раце, како една од најважните хигиенски навики ја спречува појавата на многу болести. Затоа, важно е вашето дете да сака да ја прифати оваа навика и да знае дека тоа е за негово добро. Експертите препорачуваат неколку чекори коишто ќе ви помогнат:

*Задолжително користете сапун – Никогаш не заменувајте го сапунот со влажни марамчиња, освен во случаи каде тоа е неопходно. Детето треба да знае дека за да има чисти рачиња, треба да користи сапун и вода. Додека му покажувате како да го стори тоа, имајте во предвид дека миењето со сапун треба да трае не помалку од 20 секунди. Сапунот оставете го на место каде нема да собере вода и покажете му дека треба да биде исчистен од пената.

*Осигурајте се дека рацете се чисти – Објаснете му дека рацете треба да бидат добро измиени со многу вода. Сите дечиња сакаат да си играат со вода, но внимавајте водата да не биде премногу ладна; затоа на почеток можете да почнете со млака вода. Покажете му како внимателно да го измие просторот помеѓу прстите, убаво да ги истрие дланките и пределот кај ноктите. На крај убаво избришете ги со чист пешкир или пак хартиена крпа.

*Овозможете услови – На почеток можете да го држите во скут и откако детето ќе може да стои, овозможете услови тоа да го прави само. Не практикувајте да го оставате само ако стои на столче, додека ги мие рацете.

*Забавувајте се – Играта е најубавиот начин за да се научи нешто. Забавниот начин на објаснување и покажување на одредена активност секогаш ќе остави поголем впечаток кај детето и на тој начин тоа ќе посака да го повторува истото. Тоа можете да го сторите со некоја играчка, различен сапун или пак со песничка. Уште еден одличен начин со кој ќе му дадете до знаење дека оваа навика треба да трае малку подолго е броењето заедно.

*Објаснете му – При комуникација со децата, пристапот за време на објаснувањето има огромно значење. За сите ваши постапки важно е детето да знае зошто треба да ги прави работите коишто му ги кажувате. Потрудете се да му го насочите вниманието кон она за кое говорите. Користете техники како интересни видеа, песни и приказни поврзани со одредена тема.

*Бидете пример – Децата нечесто ги прават работите коишто им ги кажуваме, тие ги прават работите што ги правиме ние. Затоа, секогаш бидете пример за она што сакате да го прави вашето дете. Пред да ги измие своите раце, покажете му како вие ги миете. Исто така, можете да го замолите вашиот педијатар пред детето да ја потенцира важноста на чистите рачиња и хигиената како превенција од одредени заболувања.

За детално читање на овој текст, погледнете на 4-5 стр. во електронското издание на BETTY магазин (ДЕКЕМВРИ 2019).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>