Фармацевти
Контакт

<< Назад

Грипот е акутна заразна болест

декември 1, 2019

Мирлинг Бехџети - м-р по фармација
АПТЕКА ВИТАЛ ФАРМ, ТЕТОВО



|

Грипот е болест предизвикана од вируси, а не бактерии. Претставува акутна заразна болест, која се шири лесно, неколку пати годишно со посебен акцент на зимската сезона.

При кашлање или кивање на заразен од вирусот на грип, истиот се разнесува и шири низ воздухот по што можеме да дојдеме во непосреден контакт, не само преку дишење, туку и при контакт со контаминирани предмети.

Симптомите на грип може да се појават одеднаш и да предизвикаат висока температура, вртоглавица, замор, кашлица, главоболки, недостаток на апетит.

Најдобар начин на заштита е примање на вакцина против грип. Вакцината содржи мртви вируси кои делуваат така што го изложуваат имунолошкиот систем на вирусот на грип. Телото на овој начин создава вирусни антитела со што се заштитува од грипот. Други начини на превенција се: хигиена и често миење на рацете со што се запира ширењето на бактерии, доволна количина на сон, здрава исхрана и физичка активност. Тоа се навики кои го зајакнуваат нашиот имунолошки систем и не’ штитат од грипот. Бидејќи грипот е вирусна инфекција, тој не треба да се лекува со антибиотици, бидејќи вирусот не реагира на истите.Вашиот лекар и BETTY фармацевт во случај да сте болни од грип ќе ви препорачаат да ги лекувате само симптомите се додека не се чувствувате подобро.

Лековите кои ја намалуваат телесната температура, болката, разни сирупи за кашлица (за сите видови кашлица), имуностимуланти, витамини и минерали, билни чаеви помагаат за ублажување на симптомите на грип. Во исклучително тешки случаи, вашиот лекар може да препише антивирусен лек.

За детално читање на овој текст, погледнете на 8 стр. во електронското издание на BETTY магазин (ДЕКЕМВРИ 2019).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>