Без разлика колку години имате, вежбањето секогаш може да го подобри вашиот квалитет на живот, со што не мора да посветувате премногу време за да го видите и почувствувате подобрувањето. Никогаш не е предоцна за утрински ритуал од неколку вежби, со кои ќе ја задржите флексибилноста, а ќе ги размрдате и коските и мускулите.
Утринските вежби покрај тоа што овозможуваат одличен почеток на денот, може да служат и како начин за да го затоплите телото во овие ладни зимски утра. Затоа, од утре расонете се со неколку вежби со кои ќе имате енергичен почеток на денот. Можеби сметате дека немате сила за тоа или едноставно ве мрзи да излезете од својата комфор зона, но размислете за тоа што сè само неколку минутна активност може да направи за вас.
Експертите велат: „кога повозрасните луѓе ја губат способноста за мобилност, тоа не е само затоа што стареат, туку поради тоа што стануваат физички неактивни“. И покрај сите производи против стареење кои ни се наметнуваат, свесни сме дека стареењето е неизбежно. Иако телото ја губи својата виталност, сепак постојат некои работи што всушност може да се одложат:
Губење на сила и мускулатура: Саркопенија е модерниот термин што научниците го имаат дадено за да се опише губењето на мускулатурата, како и силата и квалитетот на ткивото што често се забележува кај повозрасните луѓе. Експертите тврдат дека по 30 годишна возраст, мускулната маса опаѓа околу 1 процент секоја година.
Кардио издржливост: Со стареењето се губи аеробната кондиција и експертите веруваат дека ова придонесува за намалена подвижност во секојдневниот живот.
Флексибилност: Возраста влијае и на зглобовите и тоа може да доведе до вкочанетост, намален опсег на движење и повеќе повреди.
Недостиг на рамнотежа: Секоја година болниците сведочат на повреди од паѓање, меѓу кои и повозрасни пациенти со скршени колкови. Вежбите за рамнотежа можат да ви помогнат да ги избегнете повредите од паѓање и да ви ја олеснат мобилноста.
Вежбањето помага при срцеви заболувања, висок крвен притисок, дијабетес, остеопороза и депресија. Истото може дури и да го подобри вашиот мозок.
Ќе ви помогне да изгубите неколку килограми или пак ќе го спречи зголемувањето на телесната тежина.
За подобар баланс --- Обидете се да го одржувате својот баланс стоејќи само на едната нога. Доколку ви е тешкo, задржете се на стол и постепено балансирајте сè додека стоите сами.
Одете со книга на главата. Можеби звучи смешно, но верувајте дека со неколку минутно практикување на оваа вежба, вашата рамнотежа ќе се подобри.
Користете топка за вежбање за основни вежби за рамнотежа и стабилност.
Корисни вежби за истегнување:
За детално читање на овој текст, погледнете на 20 стр. во електронското издание на BETTY магазин (ДЕКЕМВРИ 2019).