Фармацевти
Контакт

<< Назад

Златен допир

декември 1, 2019



|

Златната маска е вистински хит на годината што изминува. Голем дел од козметичките компании овој производ го воведоа како дел од редовните линии за убавина.

Најновите истражувања спроведени во последните години, доведоа до откривање на оригинална и совршена технологија за подмладување на кожата со 24 каратно злато.

За златото и за неговото благородно дејство знаеме уште од далечните времиња; постои верување дека и Клеопатра секоја ноќ спиела со маска на лице  изработена од чисто злато.

Римјаните златото го користеле за лекување на разни кожни болести. Благодарение на најновите технологии, 24 каратното злато сега се користи како луксузна козметика, која ветува волшебно дејство.

Познато е дека златото е моќен природен антиоксидант, кој ефикасно ги забавува процесите на стареење во организмот и токму затоа секогаш го привлекувало вниманието на козметолозите. Истражувајќи ги античките букви во кои се споменувале чудесни својства на златото и легендарната златна маска на египетската кралица, научниците неколку години спроведувале истражувања за можностите и употребата на златото со козметички цели. Спојувајки ги најновите случувања во сферата на нанотехнологијата и ексклузивните својства на златото, јапонските козметолози понудија револуционерен метод на подмладување - терапија со помош на злато.

Јапонската козметологија со право се смета за најпрогресивна во светот. Јапонците пред да пуштат во употреба некој од новите револуционерни козметички формули, практикуваат строга дерматолошка контрола која овозможува добивање на апсолутно безбеден производ и видлив резултат. Единственоста и ексклузивноста на јапонскиот начин на убавина, кој сега е глобално славен, се состои во употреба на тенки листови на чисто злато од 24 карати, кои целосно ги пренесуваат активните состојки на златото врз кожата.

Јапонските научници откриле дека кожата на лицето зрачи со мало полнење на енергија, што се совпаѓа со енергетскиот потенцијал на златото. Проблемите со кожата започнуваат кога поради неправилна исхрана или стрес се нарушува природната рамнотежа на јони. Токсичните материи се собираат во ткивата, со што се намалува производството на колаген во телото и почнува да се губи младешкиот изглед. Златото го израмнува балансот на енергија и ги сопира процесите на стареење.

Златото ги збогатува клетките на кожата со кислород и ефикасно ги отстранува  токсините од организмот. На тој начин ја враќа силата на клетките, ја подобрува циркулацијата на микропротезата и лимфите, ги активира метаболичките процеси и процесите на регенерација. Покрај тоа, златото успешно се бори со слободните радикали во кожата, коишто се штетни молекули на организмот и кои го поттикнуваат стареењето на ткивото и работи како антисептик, кој ги уништува микроорганизмите што создаваат кожни болести.

Дали навистина овој златен допир вреди стотици долари или пак станува збор за само скапа играчка која ќе се заборави за кратко време?

„Заборавете на брчките“ - е едно од големите ветувања на козметичките компании кои овој пат, ‘верниот пријател на жената’ го претставуваат како чудотворна формула за скапа и луксузна нега на лицето.

Вистина е дека чистото злато го намалува црвенилото на лицето, ги минимализира брчките и нанесува блескав сјај. Јоните во златото во комбинација со антиоксидантите, го стимулираат обновувањето на клетките додека колагенот го оддржува тенот мек и хидриран.

Комбинацијата на злато во прав, колаген и минерали, го зајакнува имунитетот на лицето, при што ја обновува и подмладува кожата. Најчесто првичниот ефект се покажува како свеж и сјаен изглед на лицето, длабински прочистена кожа, еластичност, чувство на затегнатост и долготрајна хидратација.

Златото како традиционален симбол за убавина го враќа младешкиот изглед на лицето. Резултати од терапија со употреба на злато:

Постапката за употреба на златото во козметиката се спроведува на два начини.

Првиот – примена на течен раствор со честички од злато, што постепено се нанесува на лицето и во пределот на вратот.

Вториот - козметолозите користат најтенки листови од злато што ги ставаат на лицето кое е претходно исчистено и навлажнето со струја на негативно натоварени јони од гама полиглутаминска киселина (y-PGA). За време на постапката се прават благи движења на масажа, благодарение на тоа што златните честички влегуваат во длабоките слоеви на кожата. Резултатот е видлив веднаш по процедурата: кожата е затегната и измазнета, станува поиздржлива на надворешните влијанија и зема здрава форма. Времетраење на постапката – час и половина, а подмладувачкиот ефект на употреба на златната маска трае еден месец.

Иако козметичката индустрија нуди милион начини за одложување на стареењето на лицето, можеби Клеопатра не случајно спиела со златна маска за која верувала дека е формула на вечната младост.

За детално читање на овој текст, погледнете на 24-25 стр. во електронското издание на BETTY магазин (ДЕКЕМВРИ 2019).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>