Фармацевти
Контакт

<< Назад

Магијата на елеганцијата и балансот

декември 1, 2019



|

Скокови, вртења и елегантни движења кои се секогаш добредојдени за нашите очи. Да одиме од другата страна на приказната и да зализгаме на ледот. Што е она кое го прави овој спорт толку интересен и актуелен?

За некои, уметничкото лизгање е веројатно само хоби, но она што многумина не го знаат е дека овој спорт има многу придобивки за вашето здравје. Стабилноста, контролата и силата вклучена во уметничкото лизгање, дали професионално или рекреативно, се клучни елементи кои оваа активност ја прават забавна и здрава за сите возрасти. Зошто?

Ретко познати факти за лизгањето на мраз:

За малата принцеза или храбриот суперхерој

Секое девојче би сакало да изгледа како ледена принцеза, која ја има целата слобода на светот додека лизга и секое момче ќе сака да изгледа како кул суперхерој, кој умее  да ги покаже своите споспобности. Навидум лесниот спорт воопшто не е како што изгледа и бара многу издржливост и упорност. Замислувајки го своето дете како дел од средина во која ќе му биде ладно, ќе паѓа, ќе се повредува и доколку се бави со овој спорт активно, ќе треба да станува рано наутро пред сите свои врсници, нормално е да се двоумите. Но запомнете дека ова може да биде одличен избор за вашето дете, бидејки истото делува прекрасно на респираторниот систем, создава добро држење и движење на телото, го зајакнува целокупното здравје и го развива уметничкиот сенс на детето.

Самодовербата и духовната исполнетост се уште неколку придобивки, покрај она што вашето дете ќе научи да поставува цели, да управува со стресот и да учи ‘под притисок’. Без паѓање, нема станување, затоа размислете на опциите што ги нуди општеството и вашето опкружување и дозволете си детето своите неуспеси, да ги претвори во успеси. Покрај физичките промени, ќе ги забележите и промените во социјалниот живот на вашето дете. Верувајте во моќта на дисциплината и ќе видите дека дружењето при бавење со ваков вид на тежок спорт ќе го доближи до основање на здрави пријателски врски.

Решете ги тешкотиите со фокусирањето. При најмалото невнимание за време на лизгањето, вашето дете ќе заврши на подот, затоа детето несвесно ја развива својата концентрација на забавен начин. Како и медитацијата, уметничкото лизгање прави да се исклучите од влијанијата околу вас. За паѓањето, не грижете се, со цел да се минимизира потенцијалната повреда и тоа се учи. Децата се поблиску до подот од вас, затоа падот најчесто не ги плаши.

Доколку ве убедивме, ова е потребната опрема за да се намалат повредите:

За детално читање на овој текст, погледнете на 28-29 стр. во електронското издание на BETTY магазин (ДЕКЕМВРИ 2019).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>