Фармацевти
Контакт

<< Назад

Добро познат, но ретко практикуваниот третман со пареа

јануари 1, 2020



|

Добро познат но ретко практикуваниот Третман со пареа - Начин со кој што може да го освежите изгледот на вашата кожа во домашни услови

За остатоците од шминката, мртвиот слој на кожата и сите насобрани нечистотии на вашето лице...Разгледајте ги придобивките од третманот со пареа на вашето лице и дознајте како за еден ден да ја исчистите вашата кожа.

Експертите за убавина и нега на кожата советуваат дека третманот со пареа претставува еден од најефикасните начини со кој што можете темелно да ја исчистите кожата на вашето лице, да ги затегнете порите и да го отстраните масниот слој.

Доколку имате масна или пак комбинирана кожа



Можеби треба да ги разгледате можностите за неделното рутинско чистење на вашето лице. Насобраните остатоци од шминка и нечистотијата од надворешните фактори кои ја напаѓаат вашата кожа може да прераснат во видлив проблем, доколку не го најдете најсоодветниот начин за да го исчистите вашето лице. Со помош на пареата, се отвораат порите на кожата, жлездите за пот почнуваат да лачат течности со коишто телото ги исфрла сите метаболни супстанции. Бидејќи потта има речиси иста хемиска структура како и урината, тоа е уште еден начин со кој што телото ги отстранува непотребните и штетни материи. Дури 30% од штетните материи се исфрлаат од телото со помош на потењето.

Со зголемувањето на телесната температура, потењето е природна реакција на организмот со што со процесот на испарување се труди да ја намали топлината. Бидејќи парната бања претставува сто процентна влажност, сепак тоа испарување не се остварува целосно и намалувањето на телесната температура се случува минимално. Потењето на кожата ќе се оствари, но потта нема да испари и нема да се исуши. Со зголемениот степен на влажност, пареата ќе претставува примарен механизам за пренос на топлина и ќе предизвика прекумерна кондензација на телото.

Лековитата моќ и процесот на прочистување при хипертермијата не започнува се додека температурата на телото не достигне 38-39,5°C. За време на парната бања потребни се приближно десетина минути за да се загрее телото, односно лицето. Со тоа, се стимулира кардиоваскуларниот систем и стапката на пулсот се зголемува од просечно 75, на 100-150 отчукувања на минута. Циркулацијата во крвта се забрзува, но крвниот притисок не се зголемува. Како резултат на сето ова и со помош на зголемената телесна температура, капиларите во кожата се прошируваат.

За да започнете...

Многу е важно да ја отстраните шминката од вашето лице. Тоа може да го сторите со помош на нежно средство за чистење кое е дел од вашата секојдневна рутина. Не користете производи за пилинг и пред да започнете, измијте го лицето со млака вода за да се осигурате дека не останале маснотии или пак нечистотии.

Потребно е да ставите приближно две литри зовриена вода во голем сад и да овозможите пареата да дојде до вашето лице. Со цел пареата да навлезе поинтензивно во вашата кожа, може да ставите крпа над главата и да се покриете. Никогаш не го држете лицето на пареа повеќе од 10 минути и доколку тоа го правите за прв пат, практикувајте мали паузи. Ако не сте сигурни како ќе реагира вашето лице на овој вид третман, може да започнете со парење од само 3 минути. Со помош на етеричните масла коишто се користат во ароматерапијата, може да добиете максимален ефект и поголемо уживање. Оставете барем 20 сантиметри растојание од површината на водата и затворете ги очите затоа што некои од состојките коишто ќе ги ставите во водата може да ви пречат.

Истражувањата докажале дека одредени билки и масла можат да ги зголемат придобивките од третманот со пареа. Секако дека тоа зависи и од типот на вашата кожа. Погледнете ја табелата на која што ќе ја најдете ја најсоодветната состојка за ‘зачинување’ на водата за парната бања:



За мрсна кожа: лаванда, зелен чај, масло од аукалиптус, тенки парчиња лимон, камилица, нане.

За сува кожа: лаванда, камилица, масло од роза, зелен чај

За комбинирана кожа: масло од чајно дрво, зелен чај



Колку често се прави третманот? Овој метод за чистење на лицето е погоден за речиси сите типови на кожа, но внимавајте да не претерувате со истиот, по што би го уништиле природниот баланс на кожата. Ако имате нормална, комбинирана или пак масна кожа, третманот со пареа може да го практикувате еднаш во неделата, додека доколку имате чувствителна кожа, експертите препорачуваат тоа да биде еднаш во месецот.

Нега по третманот...Избришете го лицето со мека крпа без да ја триете кожата. Бидејќи порите на вашата кожа се отвораат со помош на пареата, важно е да не се шминкате или пак да користите производи со хемиски состојки во следниот период од неколку часа. Третманот може да го комплетирате со користење на маска, серум или пак крема со што се можно поприродни состојки. Не чепкајте ги митесерите со нокти бидејќи лицето е во многу чувствителен стадиум и може да оставите трајни последици и дамки. Најубав начин за завршување на оваа рутина е миењето лице со ладна вода, по што ќе овозможите затегнување на порите. На крај, намачкајте се со хидратантна крема која има безбедни состојки и која одговара на вашиот тип на кожа.

Придобивките од третманот со пареа

1.Вдишувањето на пареа истовремено претставува ефикасен третман за подобрување на респираторните состојби при настинка, синузитис, бронхитис или пак алергиски реакции.

2.Се отвораат порите на лицето и се отстранува нечистиот слој на кожата, како и остатоците од шминката.

3.Се отстрануваат штетните токсини кои со тек на времето може да придонесат за формирање на акни.

4.Се опуштаат мускулите на лицето, со што се овозможува чувство на релаксација.

5.Ја забрзува циркулацијата во крвта со што се елиминира заморниот и блед изглед на кожата. 6.Помага да се отстрани вишокот маснотии акумулирани во кожата.

7.Ги намалува брчките.

8.Со отстранување на мртвиот слој на кожата, се поттикнува формирање на свежо ткиво на лицето.

9.Бидејќи пареата продира длабоко во вашата кожа и порите, по прочистувањето кожата на вашето лице станува мека и мазна.

За детално читање на овој текст, погледнете на 24-25 стр. во електронското издание на BETTY магазин (ЈАНУАРИ 2020).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>