Фармацевти
Контакт

<< Назад

Барате подарок?

февруари 1, 2020

|



Најчесто кога сакаме некому да му подариме нешто со некаква посебна причина или по повод некој посебен ден, најчесто знаеме да изгубиме неколку часови сакајќи да го направиме идеалниот избор. Уште ако сте од оние кои кога избираат подароци се раководат по сопствениот вкус и купуваат нешто како да си го купуваат себеси, изборот на подарок се претвора во макотрпна процедура.

Без разлика на тоа дали станува збор за саканата личност, сестра, брат, соработник, родител или дете, подготвивме водич по кој можете да се раководите за време на купувањето подарок. Не можете секогаш да го погодите вкусот на личноста за која купувате подарок и не можете да знаете каков подарок би му бил корисен, па затоа во продолжение ќе се обидеме да ве инспирираме на следниот начин...



„Колку пари – толку музика“ не важи за подароци!

Она што треба да го направите на самиот почеток пред да се впуштите во потрага е одредување на буџетот за подарокот. Народната изрека „колку пари – толку музика“ не важи кога станува збор за подарок, бидејќи вашите најблиски можете да ги израдувате со подароци без разлика на буџетот. Сите знаеме дека она што не прави среќни е самиот чин на подарување и изненадување, што не треба да го врзуваме со цената што сме ја платиле за подарокот.

Покрај среќата, сакаме да подариме...?

Некогаш целта на подарување може да биде и повеќе од само правење некого среќен. Дали сте размислиле за тоа што би сакале да кажете со вашиот подарок? Можеби сакате вашиот подарок да поттикне насмевка? Или пак сакате да подарите нешто коешто може постојано да го носи со себе и да ја потсетува на вас, како убаво пенкало, приврзок за клучеви? Можеби сте од оние што сакаат да даруваат практични подароци коишто го олеснуваат животот? Дарувањето само по себе е убаво и вие, секако, ќе покажете љубов и внимание.

Аналитичко купување

Имате среќа доколку личноста за која барате подарок ја познавате одблизу или пак подолго време. Ако знаете дел од нејзините интереси, го познавате нејзиниот начин на живот и доколку има некакво хоби или пак пасија, тоа ќе биде она по кое треба да се раководите. Поставете си ги следните прашања: Што е она во кое ужива? Како го пополнува своето слободно време? Дали се занимава со некаква спортска активност?

Облека

Ако сте од оние кои најчесто се радуваат на подарена облека, сигурно ќе сакате да го направите и при купување на подарок за вашите најблиски. Откако ќе се одлучите какво парче облека би сакале да купите, важно е да знаете каков стил има таа личност. Размислете за тоа каква музика слуша или пак во какви изданија ја имате видено досега. За личност која не ја познавате подолго време, купете нешто поедноставно. Изборот нека биде еднобојни парчиња облека со едоставен крој.

БОНУС СОВЕТ ОД „БЕТИ“:

Доколку вашата сакана е алергична на цвеќиња, а вие сакате да ѝ подарите букет, направете букет од овошје. Купете неколку видови сезонски овошја, стапчиња на кои ќе можете да ги наденете и препуштете ѝ се на вашата креативност. Доколку, пак, не сте доволно вешти во тоа, истражете ги местата каде што ќе можете да ја најдете таа услуга.



За детално читање на овој текст, погледнете на 22-23 стр. во електронското издание на BETTY магазин (ФЕВРУАРИ 2020).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>