Ако размислувате дали да започнете со јога, тогаш вие сте на пат да ја донесете вистинската одлука, бидејќи јогата е една од најблагодатните дисциплини за која вашето тело и дух ќе ви бидат благодарни.
Главните придобивки од јогата се релаксација, подобар сон, подобра концентрација и целосно подобрување на менталното здравје. Доколку ви е потребна дополнителна мотивација за да почнете да вежбате јога, прочитајте ги следниве интересни информации.
Дали знаевте дека...
Јогата помага при анксиозност и депресија. Живееме во стресно време кога нашето опкружување и темпото на животот влијаат на нашето ментално здравје. Секој од нас заслужува време во кое ќе може да им се посвети на своето тело и својот дух. Јогата е дисциплина која има позитивно влијание на негативните психички состојби, како што се анксиозноста и депресијата.
Постои јога со смеење! Се верува дека насмевката има директно влијание врз оганизмот и дека вештачки провоцираната насмевка по извесно време делува како природна насмевка, којашто придонесува да се почувствуваат позитивните промени во вашето тело. Сесијата од 20-минутно смеење го подобрува дишењето, како основен начин нашето тело да се снабди со кислород, го смирува умот, помага за подобрување на концентрацијата и циркулацијата во телото, ја развива детската интелигенција и има позитивно влијание на дигестивниот и на лимфниот систем. Хасјајога – јогата со смеење, ја подобрува самодовербата и комуникацијата со луѓето околу вас. По извесно време на практикување ваков тип вежби, секојдневните работи коишто претходно ве нервирале, почнувате да ги гледате со други очи и сфаќате дека станува збор за минливи грижи. Дури постои тврдење дека кај повозрасната популација има подобрување и подмладување на кожата.
Во светот постојат градови коишто ги отвораат вратите на своите музеи за љубителите на јогата. На пример, во Виена, Музејот „Албертина“ овозможува практикување јога во своите големи простории.
Хенри Дејвид Торо, американски филозоф, активист и писател, бил еден од првите љубители на јогата од западниот свет. Во 1849 година тој испратил писмо до својот пријател Ралф Валдо Емерсон каде што ја споменал оваа дисциплина и се нарекол јогин.
Јогата го намалува ризикот од срцеви заболувања. Истражувањата покажале дека има директна поврзаност помеѓу луѓето коишто практикуваат јога и здравјето на нивното срце. Јогата го намалува крвниот притисок, помага при дијабетес, па дури и помага при нападите на астма.
Во Америка првиот центар за јога се отворил во далечната 1919 година. Центарот бил отворен на Менхетен од страна на Пиер Бернард.
Клучниот фактор за успех во оваа дисциплина не се позите коишто ги правите за време на вежбањето, туку дишењето. Точно е дека повеќето вежби бараат еластичност и сила, но доколку не знаете да го контролирате дишењето и да дишете правилно, ништо нема да постигнете.
За детално читање на овој текст, погледнете на 26 стр. во електронското издание на BETTY магазин (ФЕВРУАРИ 2020).
ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР
Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци