Фармацевти
Контакт

<< Назад

Младоста е убава, но не трае вечно

март 1, 2020

|



Младоста е убава, но не трае вечно

Не очајувајте доколку ве натажи помислата дека младоста не е вечна, бидејќи жената е убава на секоја возраст. Со цел да ја зачувате убавината, потребно е да водите грижа за вашиот изглед и да ја негувате својата кожа. Која е тајната? Кои се основните правила?

Првите знаци за „созревање“ на кожата се појавуваат по триесеттата година. Кога кожата почнува да ја губи својата еластичност, се појавуваат брчките и постепено бојата на тенот станува потемна.

Основни правила

Најважните чекори за постигнување  негувана и сјајна кожа се чистење, заштита, хранење на ткивото и хидрирање на кожата. Како за сите возрасти и типови на кожа, така и за зрелата кожа постојат и одредени маски. Потребно е лицето да го заштитите од надворешните фактори, како температурни промени, сонце, студ или ветер со користење креми соодветни за зрела кожа. При миење на лицето може да користите млака или, пак, минерална вода и потоа обидете се да не ја бришете кожата. Доколку сакате да добиете уште подобар ефект од водата, во чаша вода ставете една лажичка сол и растворот нанесете го на мека крпа или памукче, со што ќе го избришете лицето.

Разликувајте го секојдневното чистење на лицето од длабинското чистење, кое треба да биде на секои две недели.



Внимавајте на шминката

Негата што ја практикувате за време на вашите триесетти години ќе биде од огромно значење за состојбата на вашата кожа за време на годините што ќе следуваат. Тоа се годините каде што вашето лице одлично се носи со шминката  што ја нанесувате секој ден. Токму затоа, поради фактот што декоративната козметика се задржува долго време на вашето лице, кожата впива голем дел од состојките од кои  е составена, што значи дека истата директно влијае на кожата. Со тек на времето, кожата станува  почувствителна. Иако секојдневниот процес на промена не се гледа, полека почнува појавата на брчки кои постепено се продлабочуваат, се менува структурата на кожата и се појавува ослабена мускулатура. Затоа, со цел да ја задржите еластичноста на кожата, многу е важно да ѝ овозможите  дополнително внимание и да ја негувате со производи за интензивна нега.

Еве неколку чекори со кои можете да го вратите младешкиот изглед на вашето лице:

*Детоксикацијата на лицето е потребна со цел да се отстранат штетните наслаги  што се нанесени од надворешните фактори, како загадениот воздух и временските услови. Постојат маски и креми кои се наменети за длабинското чистење на кожата, како и за отстранување на сите токсични материи  што се „заглавени“ во самата структура.

*Текстурата на кожата и дамките се влошуваат со текот на времето и прават вашата кожа да изгледа уморно. Исчистете ги мртвите клетки на кожата со нежна формула, производ за пилинг со слаба киселина и обновете ја кожата без да ја оштетите. Овој чекор е една од клучните точки за да имате свеж изглед и еднаква текстура и боја на кожата.

*Покрај брчките, еден од најголемите проблеми на зрелата кожа е нееднаквоста на бојата на кожата. Корисно е лицето да се негува со моќни серуми кои ја спречуваат појавата на дамки и  ја осветлуваат и ја тонизираат бојата на кожата, по што таа изгледа свежа и подмладена.

*Збогатете ја вашата рутина за нега со вклучување  витамински маски кои дејствуваат на еластичноста на кожата. Постојат и маски за ноќна нега со кои  може да преспиете доколку тоа не ви пречи.

*Реконструктивните формули со висок СПФ фактор се едно од основните помагала на зрелата кожа. Без разлика на годишното време, секогаш нанесете крем кој  ќе ве заштити од сончевите зраци.

*При недостиг на влажност, кожата се суши побрзо и на тој начин се појавуваат брчките, се менува текстурата на кожата. Затоа, препорачливо е да се користат масла со природни состојки што ќе ја хранат самата кожа и длабински ќе ја хидрираат.

За детално читање на овој текст, погледнете на 26 стр. во електронското издание на BETTY магазин (МАРТ 2020).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>