Фармацевти
Контакт

<< Назад

Креативно и уникатно велигденско јајце

април 1, 2020

|



Иако секоја декорација на велигденско јајце  на свој начин е посебна и уникатна, сепак, постои можност за овие празнични денови да  направите  нешто поразлично. Иако традиционалната боја на велигденското јајце е црвена, повеќето луѓе во  целиот свет сакаат да експериментираат и да изнајдат различни начини на украсување. Пробајте сами или, пак, дружете се со вашите најблиски. Израдувајте ги децата со нешто поразлично од претходната година.

Ова се неколкуте креативни идеи за уживање во украсувањето на овогодинешните велигденски јајца. Размрдајте го својот уметнички дух и размислете што сè ви е потребно за подготовка на вапсување и украсување на јајцата.



Откако ќе се исуши основната боја, земете четка и бои за храна и дозволете му на вашето дете да ја покаже својата фантазија. Доколку тоа не е вешто во цртање, направете му форми од хартија кои ќе му помогнат да ја постигне посакуваната фигура; пеперутка, ѕвезда, цвет...

Впасајте  ги јајцата во црна боја и откако ќе се исуши со помош на сунѓерче нанесете малку тегет и виолетова боја. Употребете четка со која ќе ги испрскате јајцата со бела или, пак, жолта боја, по што ќе добиете изглед на галаксија.

Доколку, сепак, сакате еднобојни но не и обично вапсани велигденски јајца, посакуваниот ефект може да го добиете со ориз. Ставете ориз во чаша со боја и откако ќе го ставите јајцето во чашата протресете за да  може бојата во неправилна форма да се нанесе на самото јајце. Почекајте да се исуши пред да го извадите јајцето од чашата.



За светкави и впечатливи јајца  вапсани со неправилни форми, откако ќе се исуши основната боја  поклопете одредени делови на јајцето со хартија и залепете ја, откако ќе нанесете лепило на достапните делови, со помош на четка  нанесете светки  што се користат во кулинарство.

Стилот омбре кој е доста популарен во последно време може да го добиете и со вапсаните јајца. Постапката е можне едноставна. За да добиете јајца во иста боја но во различни тонови, потребно е да си играте со времетрањето на вапсување на јајцето, односно колку подолго го оставите јајцето во бојата, толку бојата на јајцето ќе биде поинтензивна.

Нанесете лепило на вапсаното јајце. Купете конци во различни бои и завиткајте го јајцето со конецот.

Можеби имате стари вратоврски или марамчиња кои  повеќе не ги користите? Исечете парчиња од материјалот и завиткајте ги јајцата во него. Врзете ги краевите со цел материјалот да биде правилно залепен за самото јајце. Во врела вода додадете малку оцет и оставете ги јајцата да се варат. Дезенот на материјалот ќе се преслика на самото јајце со што ќе имате уникатни и шарени велигденски јајца.



За детално читање на овој текст, погледнете на 22-23 стр. во електронското издание на BETTY магазин (АПРИЛ 2020).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>