За кого е наменет е-рецептот?
Од први мај 2020 година, Фондот за здравствено осигурување го пушти во употреба електронскиот рецепт кој го олесни пристапот на хронично болните лица до нивната хронична терапија. Електронскиот рецепт во прва фаза е наменет за хронично болните лица.
Дали мора да одам на лекар за да го подигнам е-рецептот?
Хронично болните лица не мораат да одат кај матичниот лекар за да им биде препишана хроничната терапија. Доволно е само телефонски да го контактирате својот матичен лекар и да го информирате за своите потреби и да почекате матичниот лекар да ве извести дека електронските рецепти се изготвени.
Каде можам да го подигнам е-рецептот?
Од кога ќе добиете потврда од матичниот лекар дека вашиот еРецепт е креиран, истиот може да се подигне од секоја аптека која издава лекови на товар на ФЗОМ. Тоа значи дека вие сами одлучувате во која аптека ќе го подигнете е-рецептот. Електронскиот рецепт не постои можност да биде упатен само во една аптека туку е достапен во сите аптеки кои имаат склучено договор за издавање на лекови ба товар на ФЗОМ.
Како можам да го подигнам е-рецептот?
Потребно е со вас да носите документ за лична идентификација за да може да го подигнете е-рецептот.
Што ако јас не можам лично да ја подигнам терапијата?
Доколку осигуреникот не е во можност лично да ја подигне терапијата, предвидена е можност друго лице да ја подигне терапијата во негово име кое исто така треба да носи документ за лична идентификација и податоци за осигуреното лице за кое се подига терапија.
Дали во BETTY аптеките може да се подигне е-рецептот?
Хронично болните лица може да ја подигнат својата хронична терапија со е-рецепт и во сите BETTY аптеки кои издаваат лекови на товар на ФЗОМ.
ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР
Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци