|
Шарен коктел
Како најпрепорачани плодови од страна на експертите, мангото и кивито имаат содржина богата со антиоксиданти. Коктелите направени токму од овие плодови не само што ќе бидат превкусни и освежителни, туку ќе направат одличен баланс во вашиот организам.
Потребни состојки:
- 200 грама манго
- 1 лажица сок од лимон
- 1 чаша јогурт
- 1 чаша малинки
- 1 пакетче ванилин шеќер
- 2 киви
Начин на подготовка:
Малинките пасирајте ги и ставете ги на дното од чашата. Ситно исечканото манго испасирајте го, потоа додадете ги водата, ванилиниот шеќер, сокот од лимон и измешајте. Добиената течност ставете ја врз претходно подготвените малинки. Во најгорниот дел од чашата додадете го и кивито кое претходно треба да биде испасирано. Декорирајте во свој стил.
Лимонада со рузмарин
Лимонадата богата со витамин Ц, зачинете ја со рузмарин
Потребни состојки:
- 1 чаша сок од лимон
- половина чаша шеќер
- еден прстофат сува липа
- 2 гранчина свеж рузмарин
- 5 чаши минерална вода
Начин на подготовка:
Сварете го сокот од лимон со додавање на шеќерот. Постепено додадете ја липата и рузмаринот. Добиената течност оставете ја да се излади или, пак, да отстои една ноќ. Утредента додадете ја минералната вода, со што ќе имате одличен освежувачки напиток.
Свежа вишна
Со својата антиоксидантна моќ, црешата треба да биде ваш омилен плод и ова лето. Од друга страна, калинката покрај тоа што го заштитува телото, е одлична за балансирање на холестеролот и шеќерот.
Потребни состојки:
- 250 мл сок од вишна
- 250 мл сок од калинка
- 2 чаши минерална вода
- неколку коцки мраз
Начин на подготовка:
Измешајте ги сокот од калинка и сокот од вишна, потоа додадете ја минералната вода. За посвеж мирис, може да декорирате со гранче нане и ставете неколку коцки мраз.
Комбинацијата на манго и банана ќе ви даде енергија
Потребни состојки:
- 1 банана
- половина чаша боровинки
- половина испасирано манго
- половина чаша бадемово млеко
Начин на подготовка:
Измешајте ги сите состојки откако ќе ги поминете низ блендер и сервирајте откако ќе се излади. Доколку сакате, може да декорирате со неколку боровинки.
За детално читање на овој текст, погледнете на 32 стр. во електронското издание на BETTY магазин (ЈУНИ 2020).